Вардар Про ја порази Црвена ѕвезда

Македонскиот ракометен шампион Вардар Про ја порази Црвена ѕвезда со резултат 35:21 (19:12).

Најефикасен во тимот беше Добривое Марковиќ со седум голови. Гоце Ојлески и Владо Неданоски дадоа по четири голови.

Од утре црвено-црните ќе учествуваат на турнир во Белград организиран од РК Партизан на кој, покрај домаќинот, ќе учествуваат и Металопластика и Нексе.

- Реклама -