Првиот интелигентен фрижидер во светот

Прочитај повеќе...Овој фрижидер знае што има во него, а ако нешто недостасува може да ви прати порака на мобилен да ве потсети што треба да купите. Дури и може да ви предложи што да зготвите во однос на состојките што ги поседувате.


Овој фрижидер знае што има во него, а ако нешто недостасува може да ви прати порака на мобилен да ве потсети што треба да купите. Дури и може да ви предложи што да зготвите во однос на состојките што ги поседувате. 

intellfridge

Интелигентниот фрижидер е како личен асистент кој се грижи за вашата исхрана. Дизајнерот Kim Otto зел обичен Siemens фрижидер го надоградил со компјутер, екран осетлив на допир и RFID читач на етикети преку кој се забележува секој артикл што се внесува. Така фрижидерот знае што има во него, па може да ви прати порака на мобилен и да ве потсети да купите нешто ако тоа недостасува во него. Како што ја оставате храната во фрижидерот тој ја внесува секоја состојка во базата на податоци и почнува да бара врз основа на тоа рецепт за вашата вечера. Освен што е првиот интелигентен фрижидер ова најверојатно е и првиот фрижидер „закачен“ на интернет 🙂
{youtube}s-dRecJMns0{/youtube}

- Реклама -