Миризлив e-mail

eimage_1pДа, сега и тоа е можно. Да го осетиш мирисот на океанот додека си го
резервираш одморот преку интернет или да го осетиш мирисот на вискито и
цигарите додека слушаш џез. Британската кабелска компанија Telewest
воведува нова димензија на интернетот – мирис!


eimage_1Да, сега и тоа е можно. Да го осетиш мирисот на океанот додека си го резервираш одморот преку интернет или да го осетиш мирисот на вискито и цигарите додека слушаш џез. Британската кабелска компанија Telewest воведува нова димензија на интернетот – мирис!

Оваа технологија овозможува праќање и примање многу различни миризби преку електронска пошта. Корисникот треба да приклучи посебен уред за миризби на својот компјутер. Уредот содржи 20 ароми кои ако се помешаат правилно можат да произведат 60 миризби.

Праќачот треба да испрати и код заедно со мејлот и да избере една миризба. Уредот за миризба го препознава кодот, го претвора и го шири низ целиот компјутер.

Замислете! Мирисот на свеж леб додека пазарите на интернет или ароматерапија за опуштање.

Уредот за миризба може лесно да се приклучи преку сериските портови на вашиот компјутер. Хардверот засега има цена од 250 фунти во Британија.

- Реклама -