Најубавите дестинации во САД

Кои се вашите први асоцијации кога станува збор за Соединетите Американски Држави? Шарениот Дизниленд, светлечкиот Лас Вегас, демократот Обама, холивудската слава…?

Дознајте ги најпознатите и најубавите дестинациии низ САД, според водичот на Lonely Planet, кои го заслужуваат вашето внимание, без разлика дали ќе ги посетите во живо или само виртуелно!

Њујорк

Домот на актерите-почетници и прибежиште на имигрантите од целиот свет, Њујорк постојано се менува истовремено останувајќи еден од најголемите светски центри на модата, театарот, рекламите и храната. Улиците на Њујорк кои се преполни со пешаци како самите да раскажуваат за историјата и карактерот на градот и изобилството на музеи и паркови.

nj

Гранд кањон

Гранд кањонот е едно од планетарните чуда кое било формирано во текот на 6 милиони години, а некои негови камења се стари околу 2 милјарди години. Погледот од едниот крај на кањонот е всушност соочување со мистериозната светлина на Земјата.

grand kanjon

Сан Франциско

Сан Франциско е град на стари трамваи и темна магла кон приквечерието. Тој ги кани посетителите на познанство со музичките продавници, рестораните од светска класа и боемскиот ноќен живот. На север од Сан Франциско, во долината Напа се наоѓаат многубројните лозови насади поради што овој град многу често го нарекуваат и земја на вината.

san_francisco_bridge_california-wide

Лас Вегас

Градот на гревовите или градот на неонската светлина која ја осветлува сета валканост на блескавиот живот на славните. Лас Вегас е познат по милијардерите и луксузните хотели, звукот на казино автоматите, наздравувањето со чаши мартини и хипнотизирачките звуци на светските ди џеи до самото разденување.

las-vegas-skyline

Мајами

Мајами е неодолив спој на егзотични плажи и историско – уметнички богатства. Градот во кој Хавајките на плажа танцуваат болеро, бразилските модели во ноќните клубови танцуваат хип-хоп, а во парковите старите дедовци играат домино. Низ рестораните во Мајами можете да најдете храна од карипската,аргентинската, кубанската и шпанската кујна.

majami

 

- Реклама -