За куќава имаше специјална премиера на MTV. А како да не се направи нешто специјално кога се знае дека куќата припаѓа на најконтроверзниот рапер на денешницата, неповторливиот 50 Cent.
Наједноставно кажано, куќата е како од бајка! Направена е во вистински богаташко – раперски стил. Под тоа се подразбира два базена, едниот на отворено, со џакузи во кое собира 40 луѓе, а другиот внатре во куќата, нормално за врнежливи и студени денови, со спа центар, за релаксација. Куќата има 19 спални соби, 35 бањи, терени за тенис и кошарка и сопствено диско, каде Фифти прави неверојатни стриптиз забави.
Но тоа не е се! Изгледа бројот на спалните соби му се чинел премал на Фифти,
па затоа во огромната градина има и куќичка за гости, покрај езерцето во кое има
најразлични видови риба.
Иако куќата е неверојатна, сепак сопственикот решил дека не му е веќе интересна,
па сега ја продава за симболични 18 милиони долари! Ако се знае дека во 2003 година
ја купи за околу 4 милиони долари и на нејзиното реновирање потроши околу 6 милиони долари, тогаш цената е сосема фер, барем според мислењето на Фифти.
Инаку интересно е да се спомене дека нејзиниот предходен сопственик, Мајк Тајсон
ја продаде куќата на својата жена за само 1 долар, поради договорот за развод, а таа,
си направи максимален профит од 4 милиони долари!
За да го видите рајот во кој живее Фифти, кликнете на следниве линкови и уживајте.
YsOqskdr-V0&feature=related
51oS9Nj-HuA&feature=related
RmITi801YxQ&feature=related