5 возила од домашно производство

TitleКога имате сон, правите сè што можете за да го остварите. Ако тој сон е поседување на некој предмет што може да се купи, тогаш имате три опции. Или ќе почнете да штедите, или ќе се обидете да го украдете, или пак можете самите да го направите.

Кога имате сон, правите сè што можете за да го остварите. Ако тој сон е поседување на некој предмет што може да се купи, тогаш имате три опции. Или ќе почнете да штедите, или ќе се обидете да го украдете, или пак можете самите да го направите.

Ролс Ројс Фантом

возила

Руслан Муканов, 24 годишен механичар од градот Шактински во Казакстан немал вреќа со пари за да може да си купи Ролс Ројс Фантом, па решил да си направи копија. Работејќи во својата гаража, Руслан го остварил својот сон за пет месеци. Како основа за својот Ролс Ројс Руслан употребил стар Мерцедес кој го купил за околу 3000 долари.

возила

Што би направиле ако отсекогаш сте посакувале Порше 911 GT3 RS но ги немате потребните 106000 долари за да го купите? Ќе си направите копија во оригинална големина, со погон на педали. Логично нели? За жал овој велосипед за двајца не можете да го возите на улица.

Ламборџини Кунташ

возила

Кен Имоф од Висконсин се заљубил во Ламборџини Кунташ откако го гледал филмот Cannonball Run. Кен решил да си го оствари сонот да поседува една од овие машини. Како? Лично ја составил во својот подрум, и за тоа му биле потребни само десет години.

Бетмобил

возила

Боб Дулам направил копија на возилото на Бетмен во сопствената гаража за 70000 долари. Сепак, најимпресивниот дел од оваа приказна е што Боб, кој заработува од производство на специјални направи и статуи, ја рекреирал оваа машина без ниту еден нацрт. Целото возило е составено со помош на фотографии најдени на интернет.

возила

Овој проект на човек од Полска сè уште не е завршен. До сега е завршена шасијата покриена со школка од Фиберглас која го копира изгледот на Мекларен F1. Погонот ќе биде V12 мотор изваден од BMW.

- Реклама -