Сите имаме по некој ден исполнет со стрес. Кога се чувствувате како времето да ве притиска, кога сè околу вас почнува да ве нервира. Без разлика дали сте дома или на училиште, факултет или на работа, секаде можете да се сретнете со ситуација која може да предизвика стрес. Овие пет пијалаци можат да ви помогнат да се смирите.

1. Напијте се чаша млеко
Млекото содржи триптофан, кој во процесот на варење се претвара во серотонин, неуротрансмитер чиј ефект е подигнување на расположението. Плус, млекото е богато со калциум, магнезиум и калиум кои помагаат во намалување на крвниот притисок.
2. Напијте се жешко какао
Топлите пијалаци ја подигаат телесната температура, што создава чувство на удобност. Чувството на удобност му пренесува на вашиот мозок дека сте опуштени и дека сè е во ред.
3. Наместо кафе, нарачајте црн чај
Студија извршена на University College од Лондон покажува дека пиењето црн чај четири пати дневно, шест недели го намалува присуството на хормонот кортисол кој телото го ослободува како реакција на стрес.
4. Пијте зелен чај
Зелениот чај е полн со теанин, кој го поттикнува мозокот да создава повеќе алфа бранови кои предизвикуваат опуштање, и го намалува создавањето на бета бранови кои предизвикуваат тензија.
5. Напијте се чаша студена вода
Една чаша студена вода, а потоа отидете на кратка прошетка. Водата ќе ја поттикне циркулацијата, а свежиот воздух ќе ве опушти преку стимулирање на хипофизата и хипоталамусот да лачат поголемо количество на ендорфини, кои помагаат во опуштањето. [5 Drinks That Help You Calm Down]