Дали некогаш сте посакале да живеете како кралеви? За жал, не многу луѓе имаат доволно пари за луксузни летувања. Но, ако случајно се тркалате во пари и не ви е проблем да потрошите значителен дел од нив, тогаш еве неколку предлози за незаборавно летување.
Дали некогаш сте посакале да живеете како кралеви? За жал, не многу луѓе имаат доволно пари за луксузни летувања. Но, ако случајно се тркалате во пари и не ви е проблем да потрошите значителен дел од нив, тогаш еве неколку предлози за незаборавно летување.
Островот Некер, Британски Девствени Острови
Сер Ричард Брансон поседува половина од земјата преку неговата империја Вриџин, а тоа го опфаќа и првиот комерцијален вселенски брод. Но, ниту еден од неговите поседи не е поубав од Островот Некер. Овој приватен корален остров има доволно простор за само 26 гости. Една недела помината тука ќе ве чини 322000 американски долари, но прашањето е, дали повеќе би сакале да купите луксузен дом, или да платите за еднонеделна незаборавна забава.
Небесната Вила на Хју Хефнер, Казиното Палмс, Лас Вегас
Нормално е што Хју Хефнер поседува луксузен апартман, во луксузен хотел, посветен на уметноста на заведувањето. За да бидете опкружени со мебел инспириран од Плејбој, ќе треба да платите само 40000 долари, но за тие пари добивате батлер кој ќе ви биде при рака 24 часа денвно, и нормално, ротирачки кревет опкружен со огледала. Ако тоа не ја импресионира вашата поубава половина, тогаш влезете во џакузито кое виси над главната улица во Лас Вегас, и чини 700000 долари
Апартманот Мост, Хотел Атлантис, Бахамите
Со уникатен видик кој го опфаќа целиот комлекс Атлантис и марината на прекрасниот Рајски Остров, Апартманот Мост кој чини само 25000 долари од ноќ и омиленото престојувалиште на Џеј-Зи и Бијонсе, Опра и додека беше жив, Мајкл Џексон. Апартманот е опремен со мермерни кади, рачно обоени постелнини, како и личен батлер.
Кралскоиот Апартман, Бурџ ал Араб Хотел, Дубаи, ОАЕ
Дубаи е познат по луксузот. Но, овој апартман кој чини 18000 долари од ноќ, се наоѓа на посебно ниво. Не само што има сопствен лифт, и постелнина од Версаче, туку со апартманот добивате пат со подморница до подводен ресторан кој се наоѓа на дното на аквариум полн со ајкули.
Хотелот Рајска Карпа, Св Вартоломеј, Гвадалупe
Изграден на карпа опкружена со кристално чиста вода од три страни, Хотелот Рајска Карпа со неговиот легендарен балкон е најблиското нешто до рај што може да се најде на земјава.