Не постои ништо на светов што толку добро го масира егото на секој просечен маж, отколку добро осмислените и стратешки употребени комплименти. Откако видовме што мажите никогаш не сакаат да чујат од своите партнерки, време е да ѕирнеме и што најмногу сакаат да слушаат. Следи листата на 5 најпосакувани комплименти, според анкета спроведена меѓу неколку стотици испитаници (мажи).
Не постои ништо на светов што толку добро го масира егото на секој просечен маж, отколку добро осмислените и стратешки употребени комплименти. Откако видовме што мажите никогаш не сакаат да чујат од своите партнерки , време е да ѕирнеме и што најмногу сакаат да слушаат. Следи листата на 5 најпосакувани комплименти, според анкета спроведена меѓу неколку стотици испитаници (мажи).
1. Насмевката / смеењето
Не постои ништо што мажите ги прави посреќни отколку кога нивната партнерка ја сака нивната насмевка или заразното смеење или двете одеднаш.
2. Спортските способности
Мажите се физички суштества. Во модерното време, кога не постои потреба за излегување на лов за вечера или двобој со ривалот од соседната пештера, секој маж има потреба да се докаже на спортското борбено поле. Затоа, посветете внимание на спортот со кој се бави вашиот партнер и дајте му специфичен комплимент. Не е доволно – одлично играш баскет – туку одете во нешто што ќе докаже дека разбирате зошто е добар! Кажете му дека одлично го крева скок-шутот или дека дриблингот со лева рака значително му се подобрил. Не грижете се и ако спортот со кој се бави не е всушност спорт. Постојат луѓе кои зрачат од задоволство кога ќе им кажете дека имаат нос за одбирање играчи на Fantasy Premier Football.
3. Слабостите
Под маската на храброста, секој маж има слабости кои предизвикуваат едно чудо несигурност и раѓаат безброј стравови. Кога минувате повеќе време со некого, истите ќе станат очигледни. Најдете начин да ги свртите во позитивна работа и да дадете комплимент за истите и веќе сте завршиле голема работа.
4. Кучето, компјутерот, масата, само не него!
Мажите не се навикнати на добивање комплименти, па затоа понекогаш треба да одите полека, но сигурно. Дајте им комплименти за нешто што е нивно, индиректно посочете восхит и оставете сами да си го проектираат кажаното врз себе. На пр. кажете му колку му е слатко кучето и започнете да го галите, доволно силно, но истовремено и нежно за да го замислите вашиот партнер.
5. Секси анатомијата
Покрај сите други нешта, мажите се едноставни суштества. Еден од комплиментите со кои никогаш не можете да погрешите е оној за големината на „опремата“. Дури и ако тој знае оти не е вистина, комплиментот ќе си ја заврши работата.