Home УмниБус Разно... 5 нешта кои мислите дека ќе ве направат среќни, но нема! (2. дел) (видео)

5 нешта кои мислите дека ќе ве направат среќни, но нема! (2. дел) (видео)

0

Моќ По парите, славата и убавината, листата на 5 нешта кои мислите дека ќе ве направат среќни, но нема! ја заокружуваме со преостанатите 2 места: генијалноста и моќта. Како бонус, следи и она нешто што можеби ќе успее да ве направи среќни… Проверете!


По парите, славата и убавината, листата на 5 нешта кои мислите дека ќе
ве направат среќни, но нема!
ја заокружуваме со преостанатите 2 места:
генијалноста и моќта. Како бонус, следи и она нешто што можеби ќе успее
да ве направи среќни:

„Идиократија“2. Генијалност

Во стартот да разјасниме дека овде станува за една поширока дефиниција на зборот генијалност, во смисла – секој што има исклучителен талент за нешто. Така, Денис Родман беше генијалец кога станува збор за скокови (во кошарка), но е веројатно далеку од генијалноста на Ајнштајн. Но, токму случајот со Родман ни покажува дека генијалноста (без разлика дали е во областа на спортот, развивањето револуционерни компјутерски кодови, тргување со акции на берза или нешто сосема различно) значи едно нешто пред сè останато – генијалноста ви овозможува да добивате исклучоци од општествените правила.

Фикцискиот архетип за ова д-р Грегори Хаус од истоимената серија. Затоа што е генијалец, дозволено е да се дрогира на работа, да го малтретира шефот, да се однесува со пациентите како со парталчиња и сето тоа без никој да му забележи. Но, не ги обвинувајте сценаристите. Реалноста е полна со такви примери, од Хемигвеј па сè до Кање Вест. Кога сте генијалец можете да правите неверојатни нешта.

Каде е проблемот? Сакате да знаете како е да се биде генијалец? Излезете и најдете ги најглупавите луѓе што ги познавате. Поминете некое време со нив. Обидете се да се насмеете на нивните глупави шеги, да останете мирни кога не успеваат да ги извршат и наједноставните задачи или кога не ќе успеат да ги сфатат најпростите концепти. Тогаш ќе сфатите како им е на генијалците секој ден (зашто сите се идиоти во споредба со нив). Тие живеат во „Идиократија“.

Поврзувањето со другите луѓе е екстремно ретко, зашто најчесто кога ќе искажат некоја искрена мисла, личен став или коментар, од другата страна добиваат зачуден поглед, налик на Кијану Ривс кога е под дејство на марихуана.

Не е важно и ако не сте тој тип на генијалец. Што и да работите беспрекорно, вашите соработници секогаш ќе бидат десетина нивоа под вас. Ако сте генијален мешач на малтер, брзо ќе се фрустрирате од неспособноста од оние со кои сте присилени да соработувате. Оттука, воопшто не е чудно што генијалците толку лошо се однесуваат со обичните луѓе.

Но, од друга страна, и онака нема да имате време за пријателства. Генијалноста бара вежбање и тоа многу. Она што не ви го кажуваат за д-р Хаус е начинот на кој станал толку добар колку што е. За станување генијален, треба да се посвети екстремно многу време (просечно околу 10 илјади часови). Па така, кога сите останати ќе бидат на забава, вие ќе превртувате книги во некоја слабо осветлена соба. Ова е совршениот рецепт кој создава стереотипни генијалци што секогаш имаат лошо расположение и умираат сами и огорчени.

Но, станува и полошо! Ако сте генијалец во некоја креативна област, тогаш големи се шансите да имате и некоја ментална болест. На пр., иако само околу 1% од населението се соочува со биполарно растројство, се тврди дека 50% од поетите, 38% од музичарите и 20% од сликарите ја имаат оваа болест. Едноставно, споредете го бројот на музичари кои умреле како последица на самоубиство или пак од предозирање со бројот на водоинсталатери кои умреле на истиот начин.

Моќ1. Моќ

Веројатно никогаш не сте чуле мало дете да ви каже дека сака да биде моќно кога ќе порасне. Разбирливо, со оглед на тоа што родителите не дозволуваат такви нешта.

Да, моќта е она на што се сведуваат сите 4 претходни нешта на оваа листа. Славата е моќ во односот со обожавателите, убавината е моќ за манипулација преку туѓите сексуални фантазии и љубомора, генијалноста значи дека му требате на општеството повеќе одошто вам ви треба неговото одобрување, а парите… парите и моќта секогаш биле сијамски близнаци.

Мала е веројатноста некој од вас да планира политичка кариера, но сигурно некогаш сте посакале некој вид моќ: да бидете шефот кому сите ќе му се плашат, да станете полицаец итн. Ако не, тогаш барем мора да признаете дека некогаш во животот сте помислиле: „Ќе им покажам! Еден ден ќе им покажам на сите!“

Каде е проблемот? Ако некој ви каже дека моќта корумпира, тогаш тоа ќе е толку очигледно што дури станува редундантно. Тоа исто како да кажете дека леталата летаат. Ако дознаете утре оти некој политичар за забава решил да испукува сирачиња од циркуски топ, веројатно нема ни да се изненадите.

И не, корупцијата не е ексклузивно право на политичарите. Можете да ја пронајдете насекаде, од шефот-идиот, па сè до огорчениот инструктор во теретана. Луѓето се опијануваат и со мали капки безначајна моќ. А, таквите луѓе не знаат да одржуваат пријателства, браковите им се распаѓаат и имаат тенденција за самоуништување. Светот е полн со такви минијатурни верзии на Тони Монтана (со таа разлика што наместо палата седат во канцеларија, а наместо куршуми, праќаат серија гневни мејлови).

Но, станува и полошо! Поентата е во тоа што желбата за моќ е она што опива, а не самата моќ. Оваа желба најмногу ги привлекува оние што не се склони кон почитување на општествените правила. Се работи за луѓе кои се добри, само затоа што се плашат од последиците доколку не се. Затоа, целта во животот им е да станат доволно моќни, за да не постои можност за никаква последица од нивното однесување. Токму затоа социопатите секогаш се во потрага по што е можно поголем степен на моќ.

Што е она што ќе ве направи среќни?

ПреграткаДојдовме до филозофското прашање. Што би можело да ве направи среќни? Да направиме еден експеримент. Гледајте во следнава фотографија десетина секунди:

Забележавте како во текот на тие десетина секунди не бевте загрижени за работата, сметките, ништо?

Експертите открија дека човечкиот мозок нема капацитет да ги предвиди емоционалните реакции на настаните што се немаат случено. Со други зборови, никој од нас не знае (и не може да знае) што сака. Седењето и размислувањето на таа тема е она што ве прави несреќни.

Тоа е така затоа што во најголемиот дел од историјата на човештвото не сме имале време за размислување. Времето се трошело за собирање плодови или бегање од разбеснети животни. Сега, кога нештата ни се под контрола и можеме да си дозволиме прегратки со тигри, не знаеме што со себе.

Можеби токму затоа, пријателствата, алтруизмот, помагањето на помалку среќните, се нештата што носат среќа. Можеби не мислењето на сопствената среќа е она што ќе ви донесе среќа. Малку парадоксално, мора да се признае, но таков е животот.

За крај, еве едно видео од еже бебе како јаде банана. Останете среќни:

{youtube}2y4cQEEyuTw{/youtube}

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here