5 најстрого чувани нешта на светот

Повеќе...Мислите дека вашите скапоцености кои ги чувате во сеф или закопани во дворот се на најбезбедното место на светот? Размислете повторно, па погледнете како некои луѓе ги обезбедиле своите скапоцености и ќе ви биде јасна разликата помеѓу сигурноста и крајното претерувањe…


Мислите дека вашите скапоцености кои ги чувате во сеф или закопани во дворот се на најбезбедното место на светот? Размислете повторно, па погледнете како некои луѓе ги обезбедиле своите скапоцености и ќе ви биде јасна разликата помеѓу сигурноста и крајното претерување…

1399822881e1fc899f289ae3484cb97b_large

DATA BACK IT UP
Ова недвосмиленото име јасно укажува која е целта на американската компанија за чување на дигиталните податоци подалеку од очите на јавноста односно фирмата зад која се крие еден од најлудите и најсигурните начини за складирање на тајните податоци кои можат да се најдат на хард диск, во историјата…. па, на компјутерите и дисковите како такви. Data Back It Up сè што ќе и доверите сокрива во еден од неколкуте подземни градови, кои – верувале или не! – имаат сопствена противпожарна единица и околу 2.700 вработени. Најновите модели на камери, детектори на движење и биометрички скенери се само дел од асортиманот за врвна безбедност. Само малкумина знаат каде се наоѓаат сите овие складови на податоци, познато е само дека се оддалечени еден од друг и до 2000 km и дека се скриени длабоко под земја.

Автомобилот на американскиот претседател
Заклучете се внатре и никој нема да ве пронајде! Добро, освен можеби тајната служба и останатите момци и девојки од Белата куќа, кои можеби би имале дупликат клучеви на привезок, но сепак – автомобилот на американскиот претседател, колоквијално нарекуван „Ѕвер“ (‘The Beast’), е едно од најсигурните и најнепробојните места за бекство и криење доколку се бомбаши самоубијци во прашање. Овој блиндиран Кадилак во кој моментално се вози Барак Обама, познат и како „најсигурниот автомобил на светот“, всушност е бункер на тркала, тежок околу 8 тони (!), со челик дебел 20cm наместо класичната каросерија. Не му можат ништо ниту куршуми, ниту бојни отрови, а наводно може да издржи и директен удар од проектил од висок калибар или нешто како тенковска ракета, да речеме. Има и 12.5cm дебело стакло на прозорците, камери за ноќно време, сопствен извор на кислород, па дури и кесичка крв за во случај на итна трансфузија.

SVALBARD GLOBAL SEED VAULT
Потребно ви е да го заштитте вашето семе – еве една локација за тоа! Не, не мислиме на банка со сперма, туку за семето од кое растат растенијата. Сместен неколку стотици километри од Северниот пол, овој трезор на отокот Свалбард (точно на половина пат меѓу Норвешка и крајниот север на нашата планета) се нарекува и „трезор за крај на светот“, бидејќи во него се складирани околу 4,.5 милиони семиња од најразлични растителни видови собрани од сите страни на светот. Идејата е, погодувате, да се зачува живиот свет во случај на апокалипса, а сето тоа во големо здание кое изгледа како гигантски хард диск од бетон. Ѕидовите од челик се дебели еден метар, а сите влезови се отпорни на удар од колкава и да е количина ТНТ.

Киното во Багдад
Што друго Американецот би превел во окупирана земја, тогаш кога не ги користи ресурсите на кутрите Ирачани и не бега од нападите на бомбашите самоубијци, освен да седи со големо пакување пуканки и Кока Кола во скутот и да погледне некој добар блокбастер на големото платно? За таа процедура да биде поугодна, или подобро кажано, за крајот на филмот тој Американец да го дочека со главата на рамена, киното во една од најопасните локации на светот потребно е добро да се обезбеди. Салата во американската амбасада во Багдад позната е како најдобро обезбедената кино сала на светот. Иако сè надвор од овие ѕидини е трагично несигурно, само киното се наоѓа во т.н. „зелена зона“ под надзор на американската војска и тоа во голем коплекс со ресторан и продавница кој се простира на 42.000km квадратни (површина поголема од Ватикан!) – комплекс кој е опишан како „модерна тврдина“. Ѕидовите се дебели 2.5 метри, па покрај тоа што нема да слушате бучавата додека гледате филм, би требало и да можете да преживеете и по некој налет од гранати.

Ватиканскиот сеф
Кога сме веќе кај Ватикан… го гледавте „Ангели и демони“? Се сеќавате како Том Хенкс одеше да „копа“ по документите во ватиканската архива и како ова ултрамодерно здание во самото срце на старокатоличката традиција изгледаше како излезено од научнофантастичен филм? Па, изгледаше така зошто во реалноста не е ништо поразлично, уште повеќе, ватиканските тајни се почувани и од оние во Белата куќа, бидејќи за воопшто да се приближите до седиштето каде се документите, мора да поминете низ шума од камери, скенирање на лицето и проверка на табличките на автомобилот (сигурно не мислевете дека пешки ќе одите до таму, нели?), а ако се обидете да дојдете до нивниот подземен сеф, ќе мора некако да го поминете не само обезбедувањето какво десега не сте виделе, туку и вистински влез во бункер, со ѕидови дебели неверојатни три метри, значи повеќе од „склaдот за семе“ и багдадското кино! Кога пред четири години се избираше нов Папа, познато е дека озбезбедувањето цел ден го проверуваше секој сантиметар во Ватикан, во потрага по евентуално микрофони и слични шпиунски апарати. Кој знае што сè се крие таму…

- Реклама -