Дури 95 проценти од жените во светот страдаат од менструални болки. Понекогаш симптомите може да бидат многу силни и освен болки во стомакот и грбот може да почувствувате главоболка, мачнина, дијареа и повраќање. Ако и вие спаѓате во оваа група дознајте како можете да ги намалите болките во текот на првите денови од циклусот.
Хормоните се главен причинител за ментруалните болки, но постојат и други фактори како што се недостаток на витамини и минерали, пресолена храна и алкохол и кофеин.
Најчести симптоми на ПМС:
-нагли промени на расположението
-лоша концентрација
-умор
-зголемен апетит
-проблеми со спиењето
-главоболка
-болки и грчеви
-надуеност и отеченост
-дебелеење
-болка во градите
Ако препознавте некои од овие симптоми време е да ги земете работите во свои раце и со помош на мали животни промени да се ослободите од најлошите симптоми.
1. Вежби
Иако додека имате менструација не ви се прави ништо, а најмалку да вежбате, редовната, лесна физичка активност може значително да ги намали болките. Ќе ви го поправи и расположението, ќе ја засили циркулацијата и ќе ја намали подуеноста.
2. Исхрана
Во текот на циклусот јадете што повеќе овошје, зеленчук и цели житарки, но најважно е да избегнувате солена и блага храна, големи количини на алкохол и кофеин.
3. Сон
Многу жени во текот на циклусот или пред тоа не можат да заспијат или во текот на ноќта често се будат. Обидете се да бидете доследни и обидете се да отспиете 7 до 8 часа.
4. Стрес
Жените кои поминуваат низ стресен период две недели пред менструацијата имаат три пати поголеми шанси да имаат болен циклус и зголемени симптоми како раздразливост, тага и депресија, односно психички симптоми. Пронајдете го својот филтер со вежби за дишење, прошетка или некоја физичка активност.
5. Пушење
Иако пушачите нема да бидат одушевени со оваа теза, докажано е дека цигарите ги зголемуваат менструалните болки. Како поради здравјето така и поради ПМС-от најдобро е да престанете да пушите или барем намалете го бројот на цигари на минимум.