5 митови за машкото тело

1248544144.jpg Од озборувања за должината на стапалото за сексуалниот живот, има многу дезинформации околу мажот и неговата психа. Па, за еве 5 такви дезинформации – кои се тотално лажни.

Од озборувања за должината на стапалото за сексуалниот живот, има многу дезинформации околу мажот и неговата психа. Па, за еве 5 такви дезинформации – кои се тотално лажни.

090716-muscle-man-02.jpg

 
5. Мажите со големи стапала имаат и голем…

Вистина е дека развојот на пенисот и на стапалата (како и на клиторисот и на прстите) е под влијание на ист ген. Но, должината на едното не зависи од другото.

Во испитување каде што учествувале повеќе од 3.000 мажи, немало взаемна врска помеѓу големината на стапалата и големината на пенисот. На пример, во испитување во 2002, извршено од Jyoti Shah во St. Mary болницата во Лондон, се споредувале должините на стапалата со должините на приватните делови ( приватните делови се мереле многу прецизно – биле истегнати до крај). Не била најдена заедничка врска.

4. Ако ја избричите брадата или главата, косата расте побрзо, потенка и погуста

„Ако тоа беше вистина, ќе имавме лек за машката ќелавост“, вели Доктор Aaron Carroll од Универзитетот во Индијана и ко-автор на книгата "Don’t Swallow your Gum: Myths, Half-truths and Outright Lies About Your Body and Health".

„Влакната можеби изгледаат потемни и погусти затоа што не сеуште не се изложени на сонце и на други елементи. Кога еднаш ќе порасне, изгледа идентично на косата која сте ја избричиле“, вели Caroll.

3. Спермата е полна со калории

Спермата е направена од вода и нутреини, како што се витамин Ц, калциум и магнезиум. Исто така содржи шеќерна фруктоза, но  само од 5 до 7 калории при исфрлување – според Dr. Rachel Vreeman, исто така од Универзитетот на Индијана.
 
„Тешко дека некој ќе направи диета од ова, но за ова повеќе не треба да се расправа“, Vreeman вели.

2.  Мажите кои се сингл имаат подобар сексуален живот од оние во брак

Конценционалната мудрост ни кажува дека женетите мажи „не добиваат многу“ во нивните спални соби, додека пак оние кои се сингл „уживаат во играта“. Но, всушност оние кои дале завет „добиваат повеќе“.

Во испитување спроведено во 2006 од National Opinion Research Center дека сопрузите „се усреќуваат“ за 28% па до повеќе од 400 % повеќе отколку ергените, зависно од нивната возраст. И не само дека сопрузите се повеќе оргазмични – тие и повеќе даваат и добиваат орален секс.

1  Мажите мислат на секс на секои 7 секунди

„Тоа е исто толку пати колку што дишеме секој ден“, Caroll вели. „Никој нема таков вид на ментална издржливост“

Во едно испитување околу сексуалните навики извршено во САД, од страна на Еdward Laumann и неговите колеги, во 1994 – 43% од мажите изјавиле дека не мислат на секс секој ден, туку од помеѓу неколку пати неделно па се до неколкупати месечно.

- Реклама -