Сте одлучиле од исхраната да го исфрлите белиот леб, но дали сте сигурни дека со тоа сте го ослободиле вашето тело од јагхехидрати?
Всушност, освен белиот леб постојат и некои други намирници кои содржат многу малку или ни малку хранливи вредности. Проверете што има во вашата кујна од „натрапниците“ чија порција содржи и повеќе од препорачаната дневна количина јаглехидрати, важни за снабдување на телото со енергија.
1. Кафе со многу шеќер, шлаг и чоколадо
Во кафето со разни слатки додатоци можат да се соберат и до 400 калории, и така овој натрапник може да ве чини цел еден оброк или многу обилен десерт! Покрај тоа, може да содржи количина на јаглехидрати како голема порција на тестенини: 60 до 80 грама.
2. Овошни шејкови
Ако не можете да го започнете денот без шејк или фрапе, вие внесувате количина од најмногу два децилитри која содржи околу 20 грама јаглехидрати. Во пед децилитри ист пијалок можете да соберете и до 75 грама јаглехидрати и 65 грама шеќер.
3. Крекери со сирење
Не содржат астрономска количина на јаглехидрати, но многу се лоши бидејќи немаат ниту една друга хранлива материја. Полни се со адитиви, хемикалии и вештачки бои, а многу содржат и фруктозен сируп. Нека не ве излаже и органската верзија- можеби има помалку вештачки состојки, но преработеното брашно и полумасното сирење ни овде не се исфрлени.
4. Мафини
Омилената утринкса закуска може да содржи дури 64 грама јаглехидрати и повеќе од 30 грама шеќер. Ако се направени од преработено брашно, шеќер и масло не се разликува од парче торта. Затоа ако е можно купувајте помали мафини, до 50 грама и со интегрални житарици.
5. Овошен јогурт
Обичниот јогурт е одличен избор за ужинка пред вежбање или доцна навечер, но оној со парчиња овошје е друга приказна. Една порција на обичен јогурт содржи меѓу 12 и 15 грама јаглехидрати, а оној со овошје може да содржи и до 30 грама, од кои половината се обработени јаглехидрати кои брзо согоруваат. Многу позрава опција е обичен јогурт со свежо овошје.