Ако барате иронија во животот, сигурно ќе ја најдете во секој ден. Но, понекогаш иронијата доаѓа во многу поголеми дози. Толку големи, што некои животни приказни изгледаат просто неверојатно.
Ако барате иронија во животот, сигурно ќе ја најдете во секој ден. Но, понекогаш иронијата доаѓа во многу поголеми дози. Толку големи, што некои животни приказни изгледаат просто неверојатно.
Човек се удавил во базен на забава со 100 спасувачи
Во септември, 1985 година, во општинскиот базен во Њу Орлеанс, се одржала прослава во чест на првата сезона во која никој не се удавил во тој базен. На забавата биле собрани 200 луѓе, од кои 100 лиценцирани спасувачи. При крајот на забавата, четворицата спасувачи кои биле на должност започнале да го расчистуваат базенот и откриле облечен маж, удавен во длабокиот дел. Се обиделе да го повратат, но веќе било предоцна за Џером Муди.
Чарлс Дарвин се оженил со првата братучетка
Дарвин е човекот кој ја потенцираше важноста на генетиката и им додаде научна тежина на древните табуа што го забрануваат инцестот. Иако се работело за прилично разумен човек, тој сепак решил да се ожени со својата прва братучетка, Ема Веџвуд. Пред да се одлучи на ваквиот чекор, направил список со аргументи за и против. Очигледно делот со инцестот не успеал да натежне на страната против. (Во негово друштво влегува уште еден генијалец, Алберт Ајнштајн, кој исто така се оженил со своја братучетка.)
Џонатан Ли Ричес е човекот за кој се верува дека има поднесено најмногу тужби низ целиот свет. Тој преку 4 илјади пати успеал да тужи поединци, компании, институции итн. во десетици земји. Иронично, сега ја тужи Гинисовата книга на рекорди, надевајќи се дека ќе успее да издејствува забрана за објавување на неговиот рекорд, затоа што тврди дека тие немале легално право да ја објавуваат неговата работа, во изданието од 2010 година. Очигледно, Ричес се противи и на прекарот кој го добил „Војводата на тужбите“. Во претходните тужби, по различни основи, ги има тужено, меѓу другите и: Џорџ Буш, Че Гевара, Ајфеловата кула, Бритни Спирс, Нацистичката партија на Хитлер, Гугл, Римската Империја, Кралицата на Англија, Ву-Танг Клан, Емилио Естевез, Платон и сите нордиски богови.
Ова слатко јагне било напуштено од својата мајка по раѓањето. Го пронашле доброволците од Манор Фарм Кантри Парк близу Саутемптон, Англија и го згрижиле. Но, за да ги преживее температурите под нула кои владееле таа зима, јагнето морале да биде облечено во волнен џемпер. Активистите го именувале Џек Фрост.
Џим Фикс бил гуру за здравје, а омилена активност му била трчањето. Во 1977 напишал книга за трчањето која била бестселер. Во животот најмногу пари заработил кажувајќи им на луѓето дека трчањето значително ќе им го продолжи животот. Во исто време бил член на МЕНСА и напишал книга со загатки за генијалци. На 52 годишна возраст, по секојдневното џогирање влегол дома, доживеал инфаркт и умрел. Во текот на обдукцијата било утврдено дека главните артерии му биле 95%, 85% и 50% запушени.