Зошто телесната температура е 37 степени?

телесна темпеаратураДвајца истражувачи од Медицинското Училиште „Алберт Ајнштајн“, дел од Јешива Универзитетот во Њујорк, откриле дека телесната температура кај луѓето претставува совршен баланс. Доволно висока за да се избегнат габични инфекции, но доволно ниска за да не мораме постојано да јадеме за да го одржиме метаболизмот.

„Високата температура кај луѓето и другите развиени цицачи, во споредба со останатите животни, отсекогаш била мистерија“ вели еден од авторите на студијата, доктор Артуро Касадевал, професор и шеф на катедрата за микробиологија и имунологија на Јешива Универзитетот. Ова истражување се темелело врз претходните дејности на доктор Касадевал, кои покажале дека бројот на видови габи кои можат да инфицираат животни опаѓа за шест проценти со секое повишување на телесната температура за само еден целзиусов степен.

Ова значи дека десетици илјади видови на габи ги инфицираат рептилите, водоземците и другите ладнокрвни животни, но само неколку стотини можат да им наштетат на цицачите. Ваквата заштита од габични инфекции според доктор Касадевал најверојатно била клучна за триумфот на цицачите по добата на диносаурусите. Во оваа студија, докотр Касадевал и неговиот колега доктор Авив Бергман, разработиле математички модел кој ги анализира придобивките добиени од телесната температура кои штитат од габи и ги споредиле со напорот (потребата за конзумирање повеќе храна) потребен за одржување на телесната температура помеѓу 30 и 40 степени целзиусови.

Според резултатите од студијата оптималнтата температура за максимални придобивки со минимален напор е 36,7 степени, што е блиску до нормалната телесна температура. „Оваа студија е добар пример за тоа како еволуцијата на цицачите била водена и од надворешните биолошки фактори и од внатрешните физиолошки ограничувања“ вели доктор Бергман. [98.6 Degrees Fahrenheit Ideal Temperature for Keeping Fungi Away and Food at Bay]

- Реклама -