Пилулите за контролирана бременост го оштетуваат женскиот мозок

Повеќе...Како средство за контрацепција, жените многу често ги користат пилулите за контролирана бременост, занемарувајќи ги несаканите последици од истите. Најновото истражување дава нови факти за овие пилули, но и поставува многу прашања: дали тие го оштетуваат женскиот мозок?

Како средство за контрацепција, жените многу често ги користат пилулите за контролирана бременост, занемарувајќи ги несаканите последици од истите. Најновото истражување дава нови факти за овие пилули, но и поставува многу прашања: дали тие го оштетуваат женскиот мозок?

images„Не сум при себе повеќе“ – тоа е честа поплака од жени кои штотуку започнале да земаат пилули за контролирана бременост. Сега, најновото истражување го докажува тоа кое многу жени го знаеја, а и нивните мажи: пилулите го менуваат женскиот мозок, правејќи жените да се однесуваат како сосема различна личност.

Овие пилули постојат веќе 50 години, откако на 23 јуни 1960, тоа беше првото орално средство за контрацепција кое се појави на пазарот. Фармацевтските компании постепено произведуваа и други такви средства со помала доза на хормони и со помалку несакани дејства. Жените кои ги земале хормоналните пилули можат да ги истакнат последиците кои ги има веќе подолго време: нерасположеност, депресија, намалено либидо. Со намаленото либидо, некои пилули се изопачено ефективни: не само што пилулата ќе ве заштити од бременост кога ќе имате секс, туку и ќе ви ја намали желбата за секс – што може да направи голема мешаница во вашиот мозок, а и вашиот партнер да има помала желба за секс. Но, верувале или не, само малку се знае за ефектите на женскиот мозок од редовното земање на хормоналните пилули.

„Тоа се менува“, велат Крег Х. Кинсли и Елизабет А. Мејер во магазинот Scientific American. Тие посочуваат кон едно ново истражување во магазинот Brain Research, каде што се споредувале мозоците на жени кои земале пилули за контролирана бременост со мозоците на други жени и мажи. Кога авторите на истражувањето ги зголемиле мозоците на учесниците со висока резолуција, виделе дека жените кои земале пилули имале оштетувања во некои делови на мозокот, вклучувајќи го и префронталниот кортекс – кој е поврзан со когнетивните активности, како што се на пример одлуките кои треба да ги направите.

Истражувањето избрзано укажува дека пилулите ве прават попаметни, но Кинсли и Мејер истакнуваат дека мозкот работи како „нервна кошница“ и дека ако се вознемирува едната страна од кошницата тоа може да влијае и на другата страна. Фактот што некој дел од мозокот е поголем од тој до него, не значи дека жените кои земаат пилули се поинтелигентни или поефективни. Исто така е можно тоа да е така бидејќи нивниот мозок е оштетен.

Тоа може да е причината зошто во некои ситуации естрогенот ја намалува активноста кај глувците. Други истражувања велат дека пилулите можат да ги сменат приоритетите кај жените, дотаму што тие би можеле да влијаат на нивниот вкус за мажи. Тие ги споредуваат пилулите со стероиди, за кои е докажано дека ја зголемуваат агресивноста кај мажите. Дали ова може да биде исто и за жените? Се надеваме дека следните истражувања ќе фрлат позитивно светло врз овие прашања и дека конечно многу парови ќе ја знаат вистината. [Birth Control Pills Shown to Alter Structure of Women’s Brains]

- Реклама -