Генетска студија со нови информации за холестеролот

срцеЗдравјето на срцето многу зависи од исхраната и физичката активност, но и гените играат клучна улога. Научници кои учествуваат во голема генетска студија дошле еден чекор поблиску кон разбирање на улогата на гените, и идентификувале 95 региони во човековата ДНК кои се поврзани со нивоата на холесеторл и триглицериди.

 


Здравјето на срцето многу зависи од исхраната и физичката активност, но и гените играат клучна улога. Научници кои учествуваат во голема генетска студија дошле еден чекор поблиску кон разбирање на улогата на гените, и идентификувале 95 региони во човековата ДНК кои се поврзани со нивоата на холесеторл и триглицериди.

срцеОд тие 95 региони, 59 се новоидентификувани и можат, со понатамошно истражување да придонесат кон нови опции за медицински третмани. „Ова е огромно ново откритие“ рече доктор Даниел Радер, генетичар од Универзитето од Пенсилванија кој има придонесено кон две нови студии на оваа тема. Бидејќи наодите се направени врз репрезентативен примерок од над 100000 луѓе, научниците можеле да идентификуваат мали варијации кои би можеле да имаат влијание врз здравјето на срцето. Ваквите варијации биле тешки за откривање кај претходните помали студии.

Според истражувањето, овие региони даваат одговори за 25-30% од наследните проблеми со нивоата на холестерол и триглицериди кај повеќе етнички групи. Во поголемиот број на случаи, точните гени кои влијаат врз холестеролот и триглицеридите не се идентификувани, туку само се пронајдени регионите во кои тие се наоѓаат. Следниот чекор би бил да се пронајдат специфичните гени и да се открие како тие работат. Ова значи дека со дополнително истражување во областа можат да бидат откриени нови начини за лечење на висок холестерол или откривање на лица кај кои има ризик од срцеви болести.

Научниците, кои доаѓаат од различни институции и универзитети успеале да идентификуваат четири специфични гени кои имаат директно влијание врз нивото на липиди. Потенцирајќи го потенцијалот на понатамошни студии, тие откриле дека еден специфичен ген е поврзан со претходно непознат процес на метаболизмот кој го намалува лошиот холестерол.

Што се однесува до регионите идентификувани со оваа студија, според доктор Секар Катиресан, од Медицинското Училиште во Харвард, кој ја предводел оваа студија, тие најверојатно содржат само дел од неколку стотини гени кои се задолжени со регулирање на нивото на холестеролот. Тимот се надева дека ќе може да собере уште доброволци со што ќе се овозможи уште поголем репрезентативен примерок за полесно локализирање на потребите гени.[Research links DNA regions, cholesterol levels]

- Реклама -