Едноставни фитнес совети

СклековиДоколку вежбате подолго време, а и натаму не гледате позначајни резултати, голема е веројатноста дека нешто не правите како што треба. Затоа, треба да ги погледнете овие неколку едноставни фитнес совети.

Доколку вежбате подолго време, а и натаму не гледате позначајни резултати, голема е веројатноста дека нешто не правите како што треба. Затоа, треба да ги погледнете овие неколку едноставни фитнес совети:

Склекови– Склековите и натаму се најдобрата вежба за зацврстување на горниот дел од телото;

– Исхраната претставува 85% од напорите за симнување на тежината, а и од напорите за зголемување на мускулното ткиво. Многумина не посветуваат доволно внимание на овој сегмент;

– Премногу вежбање не носи позитивни резултати. Понекогаш може да има дури и контраефект;

– Никогаш не е доцна за развивање мускули. Како што стареете, тоа станува сѐ поважно и поважно;

– Шеќерот ви е непријател;

– Зависноста од теретаните е одговорна за лошата форма на многумина. Запомнете, одењето по улица и склековите се бесплатни и можете да ги правите секој ден и во секое време;

– Не им верувајте на рекламите што продаваат „здрави производи“. Имајте на ум дека како и сите други реклами, и тие се фокусирани единствено на вашите пари, не на здравјето;

– За повеќе енергија за време на вежбањето, напијте се шолја кафе половина час пред да почнете;

– Појадокот не е најважниот оброк, но важно е никогаш да не го скокате;

– Ако симнувате повеќе од 1 кг неделно, голема е веројатноста тоа да не се само масти. Исто така, качувањето повеќе од 1 кг неделно речиси никогаш не резултира во зголемување единствено на мускулното ткиво;

– Сите диети пропаѓаат. Ако не веднаш, на долги патеки, тоа е повеќе од сигурно. Но, промената на животниот стил никогаш не пропаѓа. [Best of the Past: Trainer Tells All – What I Have Learned About Health and Fitness]

- Реклама -