Од каде доаѓа целата таа прашина?

Dust_bunniesНаучниците од Универзитетот во Аризона го открија одговорот на прашањето кое мачи генерации домаќинки и философи кои размислуваат за тоа како настанува прашината на подовите, под и на куќните предмети.


800px-Dust_bunniesНаучниците од Универзитетот во Аризона го открија одговорот на прашањето кое мачи генерации домаќинки и философи кои размислуваат за тоа како настанува прашината на подовите, под и на куќните предмети.

Истражувањето објавено во магазинот Environmental Science & Technology  покажа дека поголемиот дел од куќната прашина потекнува од надвор. Имено, Дејвид Лајтон и Палома Бимер, авторите на студијата, наведуваат дека куќната прашина се состои од повеќе нешта вкулучувајќи  мртва човечка кожа, влакна од теписите, перниците и тапацираните делови од мебелот, па потоа честички од подот и други материи кои во нашите куќи и станови преку воздухот доаѓаат од надвор. Тие честички можат да бидат олово, арсен и други потенцијално опасни материи кои се посебно штетни за децата. кои правливите играчки и другите предмети ги ставаат во уста.

Научниците со истражување утврдија дека повеќе од 60% од куќната прашина потекнува од надвор. Исто така, речиси 60% од арсенот во куќната прашина доаѓа од арсенот кој се наоѓа во воздухот, а остатокот од подот на куќата, каде пак е донесен преку обувките. Ова истражување спроведено со помош на компјутерски модел со кој се следи распределбата на честичките во воздухот и на подот, а истражувачите истакнуваат дека моделот би можел да се искорсти и за проценка на методот на намалување на загадувачите во куќната прашина. [Answering that age-old lament: Where does all this dust come from?]

- Реклама -