Зошто премногу опции можат да ве направат депресивни?

DSCN3322Современиот начин на живот не прави депресивни, бидејќи имаме премногу избор, покажуваат најновите истражувања. Општеството никогаш порано не нудело толку разноликост, на нас останува само да избереме – од храната која ја јадеме, телевизиските програми кои ги гледаме, па сè до изборот на кариерата.

article-1245194-052742820000044D-461_468x215Современиот начин на живот не прави депресивни, бидејќи имаме премногу избор, покажуваат најновите истражувања. Општеството никогаш порано не нудело толку разноликост, на нас останува само да избереме – од храната која ја јадеме, телевизиските програми кои ги гледаме, па сè до изборот на кариерата.

Ако некогаш ви се случило да застанете пред полиците прашувајќи се кој од бесконечните марки производи да купите, не сте единствени. Но се чини дека преголемиот избор може да предизвика повеќе од обична збунетост. Како што тврдат психолозите, може да не направи депресивни.

Имено, секој пат кога одлучуваме, се грижиме да не направиме погрешен избор, а колку повеќе опции имаме, толку е поголема нашата збунетост.Тоа се случува не само во продавниците, туку и во нашиот секојдневен живот и кариерата, а може да доведе до несигурност и депресија.

Дури и најосновните производи како храната и производите за домаќинството доаѓаат во многубројни варијации.Многу млади луѓе денес имаат многу повеќе слобода околу изборот на кариерата, врската и другите одлуки во однос на претходните генерации. Но таквата слобода исто така може да доведе до потенцијално опасно отуѓување од семејството и пријателите кои можат да пружат подршка во периодот на криза.

Депресијата, загриженоста, суицидалноста и дрогите можат да бидат индицирани со таквата ситуација, тврди професорот Хазел Маркус, од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија. „Дури и во контекст кога изборот може да ја поттикне слободата и независноста, не значи дека секогаш ќе има позитиен исход. Изборот исто така може да доведе до несигурност, депресија и себичност.“

- Реклама -