Зачини кои ќе ви ја вратат линијата

Повеќе...

Не само што го подобруваат вкусот на јадењето туку можат да послужат и како делотворен домашен лек со тоа што содржат драгоцени супстанции, како на пример оние кои допринесуваат витка линија…


zacini.jpg

Не само што го подобруваат вкусот на јадењето туку можат да послужат и како делотворен домашен лек со тоа што содржат драгоцени супстанции, како на пример оние кои допринесуваат витка линија.
Лутата пиперка го намалува апетитот. Не бибер, туку лутото чили пиперче. Капсаицинот во чилито го зголемува лачењето на плунката дури за 20 пати повеќе од вообичаено, а тоа значи дека се што ќе изедеме побрзо и ќе го свариме. До 25% ја забрзува размената на материите, а освен тоа оваа лута супстанција го поттикнува лачењето на хормонот за среќа, а среќните луѓе имаат помала потреба за слатки. Заменете го биберот со луто пиперче во чорби од компир, грав, гулаш, како и риба, месо, салата…
Ѓумбирот ги исфрлува отровите. Најчесто се користи коренот од оваа тропска билка. Содржи етерично масло и лута состојка која од една страна делува смируваки на нервниот систем, а од друга го поттикнува лачењето на плунка во устата, желудочните сокови и на жолчката. Благодарејќи на тоа мастите побрзо согоруваат, односно се претвораат во енергија. Освен тоа оваа билка ја забрзува и работата на цревата. Коренот содржи ензими кои ги разложуваат белковините со што се спречува натрупувањето на штетните материи во цревата. Додавајте рендан корен од ѓумбир во сосовите кои ги приготвувате, салатите, пилешкото, или пак направете си сок од ѓумбир: еден корен ви е доволен за еден литар вода па откако ќе се свари оставете го 20 минути. Ова ви е доволно за цел ден, но имајте на ум дека треба да биде топло. 
И ориганото ги согорува мастите. Оваа горчлива тревка ја стимулира и работата на бубрезите што допринесува за исфрлање на отровите. Одлична е како додаток на тешки јадења како грав и свинско месо, а најдобро е да се користи свежа. 
Кимот за варење. Маслото од оваа билка го стимулира производството на желудочни киселини па храната побрзо се вари. Освен тоа маслото делува и смирувачи, а помага и при надуеност на стомакот. Приготвувајте чај или пак додајте една лажичка ким на 150г сирење како меѓуоброк. Исто така може да ја додавате и на месо, или пак на киселата зелка. 
Кората од ломонот го блокира претворањето на шеќерите во масти. На тој начин се смалува количеството на нови масни ќелии за околу 79%. Пробајте да ја исечете кората од лимонот и грицкајте ја преку денот, или едноставно изрендајте ја кората и користете ја како зачин.
Циметот против напад на глад. Кората на дрвото содржи етерични масла, киселини и танин кои меѓу другото ја поттикнуваат циркулацијата и со тоа се забрзува метаболизмот. Тоа значи дека нашето тело троши повеќе енергија. Но, супстанцата метил-хидрокси калкон полимер што се содржи во ова растение лачи природен инсулин во телото и го спречува брзото паѓање на шеќерот во крвта така што не допушта брзо да огладнеме. Него додавајте го во утринското кафе или чај, во мусли, во јогурт или во сладолед. Дневното внесување треба да е околу пола лажичка.
- Реклама -