Циметот е добар за дијабетичарите

cinnamon_introНаучниците открија дека циметот е состојка што во голема мера го подобрува нивото на шеќер во крвта. Секојдневното конзумирање на цимет ги регулира шеќерот, холестеролот и триглицеридите, со што во голема мера делува и превентивно.


cinnamon_leavesНаучниците открија дека циметот е состојка што во голема мера го
подобрува нивото на шеќер во крвта. Секојдневното конзумирање на цимет
ги регулира шеќерот, холестеролот и триглицеридите, со што во голема
мера делува и превентивно.

Една научна студија спроведена во Пакистан, покажала дека благодетите на циметот продолжуваат да траат и после неговото конзумирање. Затоа Richard Goldfarb, управникот на Bucks County Clinical Research Centre се потрудил да развие природен лек, што го нарекол Cinnergen, кој покрај течен екстракт од цимет, содржи и други природни состојки, како на пример, екстракт од лист од боровница, екстракти од рибизла, зобов екстракт итн. Покрај горенаведените карактеристики, овој препарат помага и за збогатување на амино киселините и антиоксидансите.

„Доброто лекување не секогаш зазема облик на апче. Понекогаш одговорот или дел од одговорот може да го пронајдете во вашата кујна“, изјавил Richard Goldfarb. „Се надеваме дека подобрените навики во исхраната и секојдневните билки како што е циметот ќе станат сојузници на патот кон здравото живеење“. Линк

- Реклама -