Твитер додаде фото-филтри во војната со Инстаграм

Твитер ги претстави новите верзии на своите апликации за iOS и за Android, кои содржат филтри и опции за уредување на фотографиите, што наликуваат на можностите што ги нуди сервисот Инстраграм.

Новите верзии на мобилните апликации на Твитер, што сервисот ги најави вчера, им овозможуваат на твитерџиите да снимаат фотографии, да ги уредуваат и потоа директно да ги објавуваат на Твитер, без да има потреба да ја напуштат социјалната мрежа. Филтрите ги изработи компанијата Aviary, која создава софтвер за доработка на фотографии за мобилни телефони.

Овој чекор на Твитер доаѓа откако Инстаграм целосно ја исклучи можноста корисниците да споделуваат фотографии во своите твитови. Поради тоа, микроблогерскиот сервис презема дефанзивна акција кон заканата од Инстраграм. Твитер веќе хостира фотографии на своите сервери од минатата година, а филтрите се работеа во изминатите неколку месеци.

Останува непознато колку ефективен ќе биде овој чекор, затоа што фото-филтри веќе постојат насекаде. Исто така, додека новите можности на Твитер значат дека корисниците може во стилот на Инстаграм да споделуваат фотографии, сепак, оваа промена не е целосна замена за Инстаграм. [After Instagram Breakup, Twitter Adds Photo Editing and Filters]

- Реклама -