Вселенскиот брод на Apple ќе биде изграден до 2016

Плановите на Apple да изгради главен штаб во форма на летечка чинија налетал на неколку мали пречки.

Според извештај на Bloomberg, изградбата на новиот штаб на Apple во Купертино, Калифорнија, можеби нема да биде завршен сè до средината на 2016 година, и изменетиот градежен предлог е посочен како виновник.

Во претходниот предлог беше предвидено изградбата да започне оваа година, но градот Купертино најверојатно нема да ја заврши својата анализа за влијанието врз околината сè до јуни, што потенцијално го поместува почетокот до 2014 година.

Apple се надеваше да се пресели во новиот штаб до 2015 година. Покојниот основач на компанијата, Стив Џобс, ги составил плановите за новата градба минатата година. Штабот е дизајниран во еден голем круг и има четири ката со површина од неверојатни 260.000 метри квадратни.

Од компанијата велеа дека се надеваат дека во комплексот ќе работат 12.000 луѓе – голема промена од сегашниот штаб кој собира 2.800 луѓе. Но во новиот предлог, градбата е наменета за 14.200 луѓе.

Во обраќање пред Градскиот Совет на Купертино Стив Џобс рекол дека зградата, која „по малку изгледа како слетан вселенски брод“ нема да има ниту едно парче „рамно стакло… сè е заоблено“. 80 проценти од дворот на новиот штаб ќе биде природа, со околу 7.000 дрвја.

- Реклама -