Google ја намали цената на Nexus 7 16GB

Моделот на Nexus 7 со 16 гигабајти меморија само што доби намалување во цената – од 249 на 199 долари. Но Google не ги заборава оние што веќе платиле и им нуди шанса да добијат дел од сумата назад.

Google и Asus нудат надомест по намалувањето на цената на Nexus 7 за да им се заблагодарат на оние кои платиле во рок од 15 дена пред воведувањето на попустот. Google им ги враќа тие пари на муштериите, но Asus даваат само кредит од околу 30 евра со кој ако ништо повеќе барем ќе можете да си купите убава футрола од нивната продавница.

Nexus 7 се соочува со силна конкуенција во пресрет на празничната сезона откако Apple го претстави iPad Mini на пазарот на мали таблети, и иако таблетот има екран со помала резолуција Apple се надева дека квалитетот на изработка и големиот број апликации ќе привлечат муштерии.

Google има поинаков пристап, дополнително намалувајќи ја цената и претставувајќи го Nexus 7 3G моделот за оние корисници на кои навистина им треба интернет.

- Реклама -