Home УмниБус Разно... Pepsi кое блокира маснотии

Pepsi кое блокира маснотии

0

Идејата за Pepsi кое блокира маснотии дефинитивно е интересна. Дали оваа нова верзија на популарниот пијалак кој наскоро ќе биде претставен во Јапонија навистина функционира?

Значи, Pepsi Special навистина е специјален поради додадениот декстрин. Декстринот е додаток кој се раствара во вода и ви овозможува да се чувствувате сити и поседува ефект на абсорпција на маснотии. Ова звучи како голем напредок, но ништо не може да се утврди со сигурност бидејќи од Pepsi не даваат податоци за количината на шеќер употребен за остварување на „вкус кој е освежителен и уникатен“.

Тоа значи дека и покрај ефектот на декстринот, пијалакот сепак може да има многу калории. Додавањето на декстринот го вовело пијалакот во категоријата на владино одобрени производи во Јапонија. Друг пијалак со декстрин, Kirin Mets Cola исто така бил одобрен од Japan Health Food & Nutrition Food Association.

Едно шише Pepsi Special во Јапонија ќе чини околу 2 долари, а продажбата започнува на 13 ноември. Ако оваа интересна мешавина стане популарна, таа ќе биде пуштена во продажба во целиот свет. Но дали ова е здрав пијалак? Тоа останува да се види, но сигурно е дека има многу луѓе кои со задоволство би купиле барем едно шише.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here