Федерер го преслуша Мареј за финале против Ѓоковиќ

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е вториот финалист на завршниот Мастерс турнир во Лондон, откако вчера го совлада Енди Мареј со 2:0 во сетови (7:6, 6:2).

Федерер во финалето ќе му се спротивстави на Новак Ѓоковиќ од кого неодамна го загуби првото место на АТП листата.

Во првиот сет се водеше рамноправна борба, а Федерер беше поснаодлив во тајбрејкот. Откако го загуби првиот сет, Енди Мареј влегуваше од грешка во грешка и многу лесно го загуби вториот сет од овој меч со 6:2.

Новак Ѓоковиќ претходно, малку се измачи и во три сета беше подобар од Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро.

Прочитајте и:  За македонското знаме во собата на Федерер
- Реклама -