AMG со спортска верзија на Mercedes Benz B-Class

Еден од шефовите на работилница, Тобиас Моерс, изјави дека сите испитувања се завршени успешно и се очекува само одобрение на раководството на Mercedes-Benz. AMG веќе има 4 целосно подготвени прототипи на B45 AMG, кои се со погон на сите четири тркала. 

Моделот ќе биде опремен со 2,0 литарски бензински турбо мотор кој развива 335 КС и 450 Nm вртежен момент. Тој работи заедно со 7-степен роботизиран менувач со двојнa спојка. Истата комбинација ќе се користи и кај моделот A45 AMG, кој ќе се појави следната година. Kaj B45 AMG времето за забрзување од 0 до 100 km/h е за 4,4 секунди.

Моерс додаде дека освен набилданата верзија на B-Class, во AMG ќе го сторат истото и со седан CLA, чија премиера е закажана за салонот во Детроит, во јануари. Во работилница подготвуваат и спортска модификација на кросоверот GLA, чии тестирања започнаа во септември.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -