„За Здравје“ со нов свеж дизајн

По една година подготовки конечно е пуштен новиот редизајниран За Здравје. Најдобрата веб-страница во Македонија од областа на здравјето, здравиот начин на живот и здравата исхрана стана уште подобра.
Воведени се неколку нови категории како што се спорт и рекреација, љубов и секс, алтернативна медицина и домашни миленици.

Има новини и во секцијата „Прашајте го докторот“, па така читателите одговорите на своите прашања ќе можат да ги очекуваат на насловната страница, а во посебен дел на сајтот ќе можат да видат прашањата кои што веќе се одговорени.

Преку новиот формулар „За Здравје Newsletter“ регистрираните корисници ќе можат да ги добиваат најчитаните статии во месецот преку електронска пошта.

Во иднина „За Здравје“ планираат уште многу новости и активности, па затоа следете ги.

- Реклама -