4 животни убијци

убијциСекогаш кога ќе чуеме дека некое животно нападнало човек претпоставуваме дека животното само се бранело од напаѓач. Животни кои убиваат се инспирација за голем број на хорор филмови. „Ајкула“ и „Пирани“ се само два филмови кои го користат стравот на луѓето од непознатото. Многу луѓе мислат дека настаните во ваквите филмови се само плод на нечија фантазија, но факт е дека имало и има животни кои убиваат луѓе без провокација.

Секогаш кога ќе чуеме дека некое животно нападнало човек претпоставуваме дека животното само се бранело од напаѓач. Животни кои убиваат се инспирација за голем број на хорор филмови. „Ајкула“ и „Пирани“ се само два филмови кои го користат стравот на луѓето од непознатото. Многу луѓе мислат дека настаните во ваквите филмови се само плод на нечија фантазија, но факт е дека имало и има животни кои убиваат луѓе без провокација.

убијциЧовекојадците од Тсаво

Во 1898 година, Британците нарачеле изградба на железнички мост на територијата на денешна Кенија. Домородците ја вршеле сета работа за мали плати и во ужасни услови, надгледувани од само неколку Британци. Работите само се влошиле кога пар гологлави машки лавови започнале да ги напаѓаат и јадат работниците. Лавовите убивале повеќе од девет месеци. Џон Хенри Патерсон, еден од надгледувачите на проектот подоцна рекол дека околу 28 индиски работници и неброени африкански домородци биле убиени од лавовите.

Најчесто животните напаѓаат кога се испровоцирани, но иако изградбата на овој мост намерно била поместена само за да се избегнат лавовите, животните и понатаму влегувале во кампот навечер и грабнувале жртви кои спиеле. Дури и неколкуте ловечки дружини кои биле испратени да ги убијат лавовите никогаш не се вратиле. Една од ловечките дружини сепак имала успех, но според Патерсон, биле потребни дури 13 куршуми за да бидат убиени овие човекојадци. Според направените проценки, овие два лава одзеле 135 човечки животи.

убијциЅверот од Геваудан

Во средината на осумнаесетиот век, животно ширело страв низ провинцијата Геваудан во Франција. Ѕверот не убивал поради храна бидејќи речиси сите жртви биле оставени каде што биле убиени. Оние кои успеале да преживеат напад го опишале животното како големо, слично на волк, со црвено крзно и уста полна со остри заби. Проценето е дека животното било одговорно за над 210 напади, од кои 113 биле смртоносни. Но најчудно за овој случај е што сè уште не се знае за какво животно се работело.

Некои луѓе мислат дека животнот било мешавина од големо домашно куче и волк, што би го објаснило агресивното однесување, невообичаената големина и изгледот кој потсетувал на волк. Други тврдат дека најверојатно се работело за Азиска Хиена, големо животно кое сега е изумрено. Подоцна, две животни слични на волк биле убиени од страна на две ловечки дружини, но идентитетот на овие суштества е сè уште тема на дебата помеѓу оние кои го истражуваат случајот.

убијциКесагаке

Помеѓу деветти и четиринаесетти декември 1915, голема кафеава мечка ги тероризирала земјоделците во градовите Рокусенсава, Сакебетсу, Томамае, Румои на островот Хокаидо во Јапонија. Мечката, наречена Кесагаке, првпат се појавила кон крајот на ноември и уклрала пченка од едно семејство и го уплашила нивниот коњ. Ислпашени за безбедноста на коњот, тие пукале на мечката и претпоставиле дека никогаш повеќе нема да се врати. На 9 декември, мечката поминала крај друг град во близина каде што убила едно бебе и одвлекла една жена во шумата.

Но, следниот ден мечката упаднала во домот на семејството Мијоке. Крволочното животно почнало да дивее низ куќата напаѓајќи ги членовите на семејството, како и неколкуте стражари кои биле поставени да го чуваат домот. Во два дена мечката одзела шест животи меѓу кои и трудна жена.

Група од 50 војници со денови се обидувале да ја најдат и убијат мечката, но немале успех. Тие решиле да му се обратат на ловец кој специјализирал во лов на мечки, Јамамото Хеикички. Тој прво одбил бидејќи ги имал продадено сите свои пушки за да може да купи алкохол, но по малку убедување се согласил да помогне. Составил група од 60 луѓе, и по неколку дена барање, успеале да го убијат ѕверот кој тежел 380 килограми.

убијциГустав

Густав е името кое му е дадено на шест метарски нилски крокодил кој тежи околу еден тон и има статус на легенда во Африка. Наводно, Густав има убиено над 300 луѓе кои згрешиле кога решиле да се приближат до брегот на реката Рузизи. Густав е премногу голем за да лови мали цицачи, па затоа лови поголем плен, како луѓе, гнуа и според некои луѓе дури и нилски коњи. Чудната работа е што Густав е вистински убиец. Тој најчесто не ги јаде луѓето кои ги убива, туку ги остава на брегот.

Но, најстрашно е што, за разлика од другите убијци на листава, Густав е уште жив и здрав и покрај тоа што бил застрелан неколку пати. Неговот тело е полно со лузни предизвикани од куршуми, од кои највпечатлива е лузната на неговтата глава. Последната негова жртва бил локален рибар во 2008. Последне пат бил виден на брекот на реката Рузизи во 2009.

- Реклама -