Секогаш кога одиме на одмор или семејна прослава правиме многу фотографии за да ги зачуваме спомените. Но, дали го искористуваме целиот капацитет на дигиталниот фотоапарат? Еве неколку чести грешки кои би требало да се избегнат.
Секогаш кога одиме на одмор или семејна прослава правиме многу фотографии за да ги зачуваме спомените. Но, дали го искористуваме целиот капацитет на дигиталниот фотоапарат? Еве неколку чести грешки кои би требало да се избегнат.
Преполнување на мемориската картичка
Ова може да се постигне со намалувањето на резолуцијата, или со зголемување на компресијата, но што и да одберете, само ќе ги намалите квалитетот на сликите. Мемориските картички се евтини, па подобро би било да се понесат неколку отколку да се прави компромис со спомените.
Игнорирање на корисничкото упатство
На овој начин само се пропуштаат функции кои би можеле да помогнат во правење на сè подобри фотографии. Но сигурно нема време за читање на упатството кога стоите пред Ајфеловата Кула или Колосеумот. Затоа, мудро би било да се прегледа упатството пред да се тргне на патување.
Користење на блицот кога не е потребен
Блицот го предизвикува несаканиот ефект на црвени очи, ја прави кожата побела, и создава фотографии без длабочина. За да не го користите блицот, секогаш фотографирајте со сонцето зад грб, или ако сте во затворен простор, фотографирајте блиску до прозорец или друг извор на светлина. Никогаш не користете блиц кога фотографирате предмети кои се оддалечени повеќе од неколку метри. Ефектот ќе биде матен субјект со црна позадина.
Заборавање на резервната батерија
Дури и ако ја наполните батеријата наутро, прегледувањето на фотографиите и користењето на блицот можат да ја испразнат до попладне. Изложеноста на студ исто така ја намалува издржливоста на батеријата. За да не останете без енергија токму кога ќе ви се појави можност за совршена фотографија, наполнете резервна батерија и понесете ја со себе.