Постојат сексуални болести кои доведуваат до тоа оние што страдаат од нив да имаат секс далеку повеќе од вообичеано. Некои ќе си речат – како да ја префатам оваа болест? Но, она што во теорија изгледа привлечно, во пракса предизвикува многу повеќе проблеми и болки отколку задоволство. Проверете!
Постојат сексуални болести кои доведуваат до тоа оние што страдаат од
нив да имаат секс далеку повеќе од вообичеано. Некои ќе си речат – како
да ја префатам оваа болест? Но, она што во теорија изгледа привлечно,
во пракса предизвикува многу повеќе проблеми и болки отколку
задоволство. Проверете!
4. Хиперсексуалност
Хиперсексуалноста во колоквијалниот јазик е позната и како нимфоманија. Тоа е истата онаа состојба за која сонуваат адолесцентите кога велат дека сакаат да имаат девојка која е нимфоманка. Истата состојба која е предмет на најголем број писма со фантазии до Плејбој и Пентхаус, отколку која и да е друга тема. Кај мажите, состојбата е позната како сатиријаза, а тоа значи дека имате либидо на маж-прч, т.е. ефективно станувате Вилт Чембрленд, со тоа што нема да имате обврска да играте кошарка, која само ќе ви пречи во сексуалните походи.
Зошто е ова ужасно? Некои од вас веројатно сè уште навиваат за оваа болест, но веројатно тоа е затоа што очекувате вашиот партнер да е загреан само за вас. Но, за жал, тоа не е начинот на кој опсесиите се развиваат. Болните од хиперсексуалност ќе му скокнат на секој што е слободен за секс, без да размислат 2 пати. Многу бргу, жртвите на оваа болест ја губат способноста да работат, а потоа и способноста да функционираат нормално, зашто сè што им стои како цел во животот е секс. А, веројатно и сами знаете дека нештата престануваат да бидат забавни и да носат задоволство кога ги правите само затоа што морате!
3. Приапизам
Приап бил грчкиот бог на плодноста. Познат е по фактот што постојано имал ерекција од преку половина метар. Кога оваа состојба излегла од мода, неговото име било залепено на болеста која предизвикува ерекции кои едноставно не си заминуваат. Во западната култура, ова се смета за еден од оние „добри проблеми“, со оглед на тоа што еректалната дисфункција е на второ место на топ листата на стравови на секој маж, веднаш по загинување во терористички напад.
Зошто е ова ужасно? Кога имате постојана ерекција, тоа значи дека што и да сторите, таа нема да си замине. И по сексот, вие повторно ќе имате ерекција. Не звучи толку лошо? Размислете – ерекциите настануваат кога крвта влегува во пенисот, но во овој случај, таа не излегува. Покрај фактот што постојано ќе имате недостиг на крв во мозокот, неизлегувањето на крвта од пенисот може да резултира со згрутчувања, гангрена (што завршува со ампутација!), неможност за добивање ерекција никогаш повторно во животот. Да не ја заборавиме и болката. Неподнослива болка!
Единствениот начин за справување со оваа болест е операција. А таа не е воопшто пријатна.
2. Секссомниа
Оваа болест функционира по принципот на месечарењето, со таа мала разлика што наместо да отидете до кујната и да се напиете вода без да сте свесни за тоа, ќе најдете некој и ќе го легнете.
Зошто е ова ужасно? Доволно е лошо што нема да се сеќавате на сексот што сте го имале, туку нема да знаете ни со кого. Кога страдате од секссомниа, воопшто нема да бирате партнер, туку ќе го нападнете првиот што ќе наиде. Така, Јан Лудек заспал на една забава. Спиејќи, се обидел да има секс со жената што заспала на другата страна од истиот кауч. Од допирите, таа се разбудила и го фрлила на подот. Тој отишол во тоалетот и видел дека има ставено кондом, но немал поим кога и како тоа се случило. Таа викнала полиција, а тој отишол на суд за сексуален напад (силување во обид). Бил ослободен откако со помош на психијатар успеал да докаже дека страда од секссомниа.
1. Перманентна сексуална надразнетост
Ова е релативно нова и едвај документирана состојба. Ова значи дека сте во состојба на сексуална возбуденост секој момент од секој ден, т.е. постојано сте многу, многу запалени.
Зошто е ова ужасно? Оваа состојба ќе предизвика да се наоѓате на работ од доживување оргазам во кој било момент од денот. Ќе чуете чуден звук – оргазам; телефонот ќе заѕвони – оргазам; облекувате бели чорапи – оргазам; сте ги виделе родителите како имаат секс – повторно огразам!
Иако некои луѓе одвреме-навреме сакаат да доживеат оргазам во јавност, најголемиот дел од нас сакаат тоа да биде приватен момент. Но, за оние што страдаат од ПСН тоа не е опција. На пр., секое одење во ресторан е потенцијално преигрување на онаа сцена од „Кога Хари ја запозна Сали“, а повеќе од јасно е дека никој жив не сака повторно да го види тоа.
Имајте на ум дека болеста не доаѓа само во форма на надразнетост. Таа предизвикува зачестено уринирање, црвенило на карлицата и грчеви во мускулите на нозете. Постојаната потреба за оргазам меѓутоа, не е резултат на фантазии за Џесика Алба, туку напротив, се работи за рефлексна ссостојба, нешто како постојано икање. Разликата е во тоа што за ова второво можете да им кажете на сите, без да ве обвинат дека ја користите најлигавата реплика на сите времиња.