Тревките се дел од медицината во секоја култура, уште од времето кога првобитните луѓе зачекориле по планетава. Со нив се лекувале болести, од обична настинка, дигестивни проблеми, па сè до депресија. Можеби ќе се изненадите кога ќе дознаете дека тревките кои секојдневно ги користите за зачинување на храната и кои лесно можете да ги одгледувате и во домот, всушност имаат лековити својства.
Тревките се дел од медицината во секоја култура, уште од времето кога
првобитните луѓе зачекориле по планетава. Со нив се лекувале болести,
од обична настинка, дигестивни проблеми, па сè до депресија. Можеби ќе
се изненадите кога ќе дознаете дека тревките кои секојдневно ги
користите за зачинување на храната и кои лесно можете да ги одгледувате
и во домот, всушност имаат лековити својства.
Рузмарин
Рузмаринот се користи како тоник за мозокот во кинеската медицина илјадници години наназад. Билката во себе содржи големи количини есенцијално масла кои ја зголемуваат концентрацијата и ја подобруваат мозочната активност. При експериментите со стаорци, рузмаринот им помогнал многу побрзо да ги поминат лавиринтите во кои биле ставени. Дополнително, рузмаринот ја подобрува дигестијата и го зајакнува имунитетот.
Затоа, откажете се од кафето и зголемете си ја енергијата со рузмарин. Користете го како чај, ставајте го во супа или едноставно издробете малку и оставете го некаде во домот, за опојната миризба да ви делува како стимуланс.
Оригано
Кога сте настинати, попарете свежо оригано и вдишувајте ја пареата. Ориганото има антибактериско и антивирусно дејство, а помага и при запек. Билката која го зајакнува имунитетот исто така ја подобрува и дигестијата и спречува дуење.
Босилек
Омилениот зачин во италијанската кујна има мирис кој инстантно ќе ви ја зголеми енергијата. Тој е полн со лутеолин, супстанца за која се верува оти е до сега најдобрата заштита на клетките во ДНК од дејството на радијација.
Магдонос
Магдоносот се користи во народната кинеска медицина за ладење на црниот дроб и за чистење на очите. И во магдоносот има големи количини на лутеолин, кој им помага на очите во заштитата од UV зрачењето. Стариот кинески лек за целосна заштита на очите е мешавина од целер, пеперминт и свеж кинески магдонос.