4 реченици што не смеете да му ги кажете на вашето дете

Одгледувањето деца воопшто не е лесно. Иако многу пати не размислуваме што му кажуваме на нашето дете, треба да бидеме многу внимателни затоа што зборовите имаат силно влијание врз него. Ова се 4 реченици кои не би смееле да им ги кажеме на нашите најмили:

1. Ако не тргнеш веднаш, ќе те оставам тука

Child-crying-005

Стравот не треба да ви биде помош во одгледувањето на детето. Плашењето може да остави многу силно влијание врз детето што може да предизвика сериозни проблеми во иднина во воспоставувањето здрав однос со пријателите, децата или со идниот партнер.

2. Зарем не можеш да бидеш добар/ра како твојот брат/сестра/другар?

Никој не сака да биде споредуван со другите, особено ако зад споредбата се крие омаловажување. Најважна работа кај одгледувањето на децата е поттикнување на неговата креативност и истакнување на неговата индивидуалност и вредности. Во спротивно, споредбата може да доведе до гнев и љубомора.

telloffkids468x460

3. Затоа што јас велам така!

Една од најчестите реченици која бројни генерации ја почувствувале на своја кожа. Изјавите од овој тип или „додека си под мој покрив“ може единствено да го изритираат детето затоа што на тој начин не сте ги образложиле вистинските причини за забрана или казна, а вашата кавга нема да вроди со плод. Ваквиот начин на забрана често е недостаток на аргументи кај родители.

4. Ајде те молам тргни се, јас ќе го направам

getty_rm_photo_of_child_putting_on_shirt

Ако пред детето поставите задача, колку и неговите обиди да ви изгледаат неумешни, смешни и површни дозволете му барем да го заврши тоа што го почнало. Децата сами сакаат да ја облечат јакната, да ги закопчаат панталоните или сами да си ја наполнат чашата со сок. Дозволете им да се чувствуваат корисно затоа што секоја ваша позитивна реакција е најубава награда за детето. Тоа ќе му помогне да изгради самодоверба.

- Реклама -