4 најпознати тајни скиентолози

Скиентолози Би се очекувало од неталентирани и пропаднати славни личности да пристапат кон култ. Па така, воопшто не изненадува фактот што Џон Траволта, Том Круз, Кристи Али итн. се истакнати членови на црквата на скиентологија. Но, постојат некои луѓе за кои никогаш не би претпоставиле дека би можеле да потпаднат под влијание на една ваква организација, но сепак потпаднале.


Би се очекувало од неталентирани и пропаднати славни личности да
пристапат кон култ. Па така, воопшто не изненадува фактот што Џон
Траволта, Том Круз, Кристи Али итн. се истакнати членови на црквата на
скиентологија. Но, постојат некои луѓе за кои никогаш не би
претпоставиле дека би можеле да потпаднат под влијание на една ваква
организација, но сепак потпаднале.

За скиентологијата како феномен веќе пишувавме, така што нема потреба да се објаснува што е тоа скиентологија. За сите оние кои пропуштиле, нека прочитаат. Овде само ќе ги погледнеме четворицата славни личности кои никогаш не би помислиле дека можат да се приклучат.

Џејсон Ли4. Џејсон Ли

Најпознат е по: „Се викам Ерл“ и сите филмови на Кевин Смит по „Продавачи“.

Зошто не би очекувале да е скиентолог? Човекот е талентиран, смешен и има неверојатна способност да ја направи секоја шега посмешна. Пред да стане актер бил професионален скејтбордер. Сигурно не би очекувале од интелигентна личност како него да мисли дека духови на вонземјани ќе ја инфицираат планетава, но….

Врски:
Итан Супли, коѕвездата во „Се викам Ерл“ и "Mallrats" не само што е скиентолог, туку е женет со сестрата на скиентологот од втора генерација, актерката Џулиет Луис. Таа и нејзиниот татко гостуваа во серијата на Џејсон Ли, по што тој бил забележан во скиентолошките кругови. Дружењето мора да било незаборавно.

Претпоставено тетан-ниво:
Еден – може да се очисти себеси, поседува знаење за материјата, енергијата, просторот и времето поголемо од тоа на обичните смртници).

Дени Мастерсон3. Дени Мастерсон

Најпознат е по: Хајд од "That 70’s Show"

Зошто не би очекувале да е скиентолог? Мастерсон го играше единствениот лик во серијата кој не сакавме да го убиеме. Тој беше оној што го спасуваше денот покрај анорексичниот идиот Тофер Грејс, Ештон Качер кој не би пропуштиле шанса да го удрите во лицето и секако – ужасниот стереотип Вилдер Валдерама. Тој беше единствениот лик за респект и покрај фактот дека троши барем по 2 часа дневно на нега на бакембардите.

Но, за жал, вистина е. Тој има изјавено: „Скиентолог сум целиот мој живот“. Мастерсон помогна и во промоцијата на контроверзниот музеј „Психијатрија – индустрија на смртта“ кој во Лос Анџелес го отвори неговата црква.

Врски:
Лаура Препон (Дона) била вовлечена во култот откако започнала врска со братот на Дени, Кристофер кој игра во серијата „Малком во средината“. За чудо, никој уште не го поканил Френки Муниц да се придружи.

Претпоставено тетан-ниво: Непознато.

Барт Симпсон2. Барт Симпсон

Најпознат е по: Добро, технички се работи за Ненси Картрајт, актерката која му го позајмува гласот на Барт, но и неа не би очекувале да ја видите закачена за машините кои го мерат нивото на контаминација со душите на мртвите вонземјани.

Но, ете, вистина е. Таа вели дека ја открила скиентологијата кога посетувала часови по глума во 1988 година. Замислете, некој регрутирал членови за култ на место каде луѓе кои немаат поим од глумење и најголемо достигнување им е играњето дрво во училишна претстава… чудно, многу чудно!

Врски:
Господин Брнс, Бамблби, Лени?!

Претпоставено тетан-ниво: Четири (може да се исчисти себеси, зборува со смешен глас како осумгодишно дете, смислува реченици кои подоцна се печатат на маици).

Чарлс Менсон1. Чарлс Менсон

Најпознат е по: Грозоморно убивање многу луѓе, наредување на други луѓе грозоморно да убиваат, врежување свастики во сопственото чело, убивање на бремената сопруга на Роман Полански.

Технички земено, Менсон е токму таков тип на личност што би очекувале да е во култ. Но, еве каде е интересното нешто. Менсон отишол на предавањата во црквата на скинетологија, издржал точно 150 посети и потоа се откажал. Како причина за излегувањето навел: „Ова е премногу забегано!“. Неговата „кариера“ започна нешто подоцна.

Врски:
Чуварот во затвор кому му дава цигари за да избегне секојдневно силување.

Претпоставено тетан-ниво: Потополно луд, но препознава глупости кога ќе ги види.

- Реклама -