4 најцитирани „факти“ за животните

Ној Постојат некои факти за животните кои едноставно ги знаете. Сте ги научиле кога сте биле мали, од некоја книга, од документарен филм, од некој ваш наставник. Ќе се изненадите кога ќе чуете оти нештата кои ги знаете, всушност се, едноставно кажано – невистинити!


Постојат некои факти за животните кои едноставно ги знаете. Сте ги научиле кога сте биле мали, од некоја книга, од документарен филм, од некој ваш наставник. Ќе се изненадите кога ќе чуете оти нештата кои ги знаете, всушност се, едноставно кажано – невистинити!

Ноеви4. Ноевите ја закопуваат главата во земја

Римскиот философ, Плиниј постариот, го измислил овој „факт“ во 79 година, кога ја пишувал енциклопедијата на сето знаење на Земјата (вклучително и невистинитите делови). Го поткрепил тврдењето со верувањето на ноевите дека кога главата не се гледа, телото исто така е сокриено.

Причината поради која ваквото верување останало живо речиси 2000 години е тоа што се работи за прекрасна политичка метафора која е молзена до крајните можни граници, неброени пати. Но, тоа никако не го менува фактот дека се работи за глупост.

Ноевите не можат да летаат, но затоа се најбрзите суштества на 2 нозе. Можат да постигнат брзина од 72 km/h и да ја одржуваат и преку половина час. Па така, кога ќе видат опасност, бегаат! Иако, нојот е познат и по своите борбени способности. Но, во секој случај, требало да ви стане јасно дека животно кое е доволно глупаво да бега од опасности со ставање на главата во песок, до сега ќе беше истребено.

Бернардинец3. Бернардинците носат пиво / бренди околу вратот

Ова популарно верување му го должиме на англискиот сликар Едвин Лансиер, а потекнува од 1820 година. Во тоа време сликарот (кој бил чудо од дете и сите го сакале) имал 17 години и решил да наслика слика насловена „Алпски мастифи реанимираат патник во неволја“. На неа се претставени два бернардинци со буренца алкохол околу вратот. Не постоела никаква реална основа за ваквиот потег, но човекот имал 17 години и едноставно сакал да го стори тоа. Кој би можел да му забрани такво нешто?

Но, како од светот на уметноста, митот стигна до широката публика? Како ако не преку цртаните филмови! Looney Toons нацртаа лик бернардинец со буренце виски околу вратот (инспириран од сликата на Лансиер) и оттогаш ова верување е како врежано во злато.

Но, еве зошто опремувањето бернардинци со алкохол би било потполна глупост! Прво, нелогично е на животно за спасување да му додадеш товар кој ќе го забави доволно за жртвата да умре. Второ, бренди или виски се алкохолни пијалаци со 45-60% алкохол. Тоа значи дека на ниските температури ќе се згуснат, доаѓајќи до состојба на многу студен милк-шејк. Последно нешто што сакате да пиете кога се смрзнувате е ладен пијалак, па макар тој имал вкус и на пиво! И трето и најважно, алкохолот помага топлината побрзо да го напушти телото. Па според тоа, давањето алкохол на некој што умира од хипотермија е еднакво одговорно како да му дадете да јаде коцки мраз.

Пирани2. Пираните ќе „соголат“ крава за помалку од една минута

Овој „факт“ му го должиме на познатиот американски претседател Теодор Рузвелт. Тој во својот живот направил толку подвизи што ќе го направат Чак Норис да изгледа како стара бабичка. Нормално, кога најавил дека ќе оди на патување низ Амазон, Бразилците знаеле оти мора да му приредат претстава која ќе ги надмине дотогашните негови доживувања. Па така, средиле пираните да „соголат“ крава за нецели 60 секунди. Тој подоцна се вратил во Америка, го пренел искуството и истото станало закон! Подоцна, цртаните филмови и Холивуд ја презеле идејата и оттогаш наваму, пираните можат на направат што ќе посакаат за 1 минута!

Но, во реланоста… Секако, пираните се ефикасни месождери – јадат многу брзо и имаат ефикасен систем на ротација во рамки на јатото. Но, имајќи го тоа на ум, треба да знаеме дека се екстремно ситни и главно се хранат на други риби (слаби и изнемоштени). За да се стори она што го сториле Бразилците, потребни ви се огромен број пирани (околу десет просечни јата) кои ќе бидат изгладнети до степен на очај. И така доаѓаме до магичната формула со која истите биле натерани да го сторат тоа што го сториле… или можеби само сакале да го импресионираат Рузвелт. Којзнае?

Камелеони1. Камелеоните менуваат боја за да се вклопат во околината

Оваа лага ја започнал Гркот Антигон од Каристеја. Чудното во целиот случај е што Аристотел, речиси цел век претходно, сосема точно ја одредил промената на бојата на камелеоните како резултат на варијацијата во емоциите, па воопшто не постоела причина Антигон воопшто да се обидува да поставува нови дефиниции, ниту пак некој да му поверува. Но, сепак, верувањето опстојува до денес. Можеби затоа што Антигон бил познат по приказните кои си ги измислувал според личните перцепции на светот, наспроти Аристотел кој е познат по откривање на… прилично сè!

Ако ова беше вистина, тогаш камелеоните ќе беа нинџи во животинскиот свет. Ќе можеа да се прикрадат секаде и да се извлечат од секаде без да ги забележите. Ќе се случеше да има недостиг на муви и скапоцени камења… всушност, во моментов ќе можевте да имате камелеон пред вас, а воопшто да не сте свесни за тоа, сè до моментот кога вашата тастатура ќе почнеше да пишува сама од себе.

Како што научивме од Аристотел (или требаше да научиме) камелеоните менуваат бои во зависност од емотивната состојба. Ако на пр. здогледаат убава гуштерка, тогаш стануваат светло сини, кога ќе се налутат – потполно црни. Па, според тоа, да бидете камелеон во суштина е екстремно лошо. Што и да направите, сите околу вас ќе знаат во каква емотивна состојба сте биле кога сте го направиле и не ќе можете да скриете ама баш ништо. Позитивната страна од сето тоа би било што веќе нема да постои политика….

- Реклама -