4 најчудни голови (видеа)

ТеоФудбалскиот свет се фасцинираше со голот на Дарен Бент против Ливерпул. Но, тоа не е најчудниот гол што бил постигнат во поновата историја на фудбалот. Имаше голови со глава од половина терен, игра со 2 топки, подарување голови… Следува листата од 4 најчудни голови.

Фудбалскиот свет се фасцинираше со голот на Дарен Бент против Ливерпул. Но, тоа не е најчудниот гол што бил постигнат во поновата историја на фудбалот. Имаше голови со глава од половина терен, игра со 2 топки, подарување голови… Следува листата од 4 најчудни голови.

4. Игра со 2 топки
{youtube}JByR6Dpdy0I{/youtube}
Крузерио само што го прими третиот гол во натпреварот против Атлетико (од бразилското првенство). Голманот на Крузерио, Фабио, полека чекори кон мрежата, одејќи да ја извади топката. Но, судијата веќе дал да се продолжи играта со друга топка. Противничкиот играч ја пресекува топката и лесно постигнува гол.

3. Невнимателниот Шеј Гивен
{youtube}3Y0kpT_DD6I{/youtube}
Шеј Гивен, во времето кога играше за Њукасл, одбранува една топка во натпреварот со Ковентри. Мислејќи дека сите истрчале напред, ја пушта на теренот и се подготвува да ја шутне. Дион Даблин му се прикрадува од зад грб и постигнува ефектен гол.

2. Мартин Палермо со глава
{youtube}sAyxtwtXp1M{/youtube}
Неодамна, Мартин Палермо постигна гол во квалификациите со кој им обезбеди на Аргентинците место на следното светско првенство. Нешто поодамна, успеа да промаши 3 пенали на еден ист натпревар. Но, овој гол со глава од половина терен сепак останува еден од најчудните потези во неговата  играчка кариера.

1. Слободно шутни!
{youtube}L-7VtvGdWWY{/youtube}
На натпреварот Шведска – Исланд, одбранбениот играч на гостите очигледно одигра со рака во шестнаесетникот. Меѓутоа, судијата не го оцени тоа како намерна игра, па даде знак натпреварот да продолжи, наместо да досуди пенал. Но, гостите се збунија, мислејќи дека е пенал… и им ја подадоа топката на домаќините кои не ја очекуваа, но сепак ја искористија шансата.

- Реклама -