4 лаги поради кои може да заработите отказ

Лаги Ако ги лажете вашите работодавачи, мора тоа да го сторите многу, многу внимателно. Многумина од нив можат да намирисаат лага, дури и ако не изговорите ниту еден збор. Ако ве фатат во лага, можеби нема да заработите отказ веднаш, но бидете сигурни дека ќе има последици – забелешка во досието, одземање на бонусот, процент од платата итн. Еве ги четирите најчести лаги и нештата по кои тие стануваат очигледни.


Ако ги лажете вашите работодавачи, мора тоа да го сторите многу, многу внимателно. Многумина од нив можат да намирисаат лага, дури и ако не изговорите ниту еден збор. Ако ве фатат во лага, можеби нема да заработите отказ веднаш, но бидете сигурни дека ќе има последици – забелешка во досието, одземање на бонусот, процент од платата итн. Еве ги четирите најчести лаги и нештата по кои тие стануваат очигледни:

Лаги1. Боледување кога сте здрави

Ако лажете за боледувањата, добро сокријте ги трагите. Доколку почесто ви се случува да испиете премногу во четврток и да не можете да станете следниот ден или пак ако се јавувате да најавите отсуство секогаш кога следи викенд плус празник за да си направите ваш викенд од 4 дена, многу брзо ќе станете сомнителни. Доколку очајно ви е потребен таков викенд, бидете искрени и побарајте слободен ден. А, боледувањата кога сте здрави, искористете ги во обични денови кои нема да покренат сомнежи.

2. Лажни итни случаи

Кога излегувате порано од работа поради „здравствен проблем“ или пак „семеен итен случај“, многу нешта можат да тргнат наопаку. Доволно е само еден од колегите да ве забележи онаму каде што навистина сте тргнале и веќе го губите кредибилитетот и ќе ви биде многу тешко кога навистина ќе постои некој итен случај.

3. Посочување виновници

Односите на работното место се еден вид политика. Доколку посочите некој друг за вашата грешка, многу лесно може да избие војна и условите за работа да ви станат неподносливи до степенот кога сами ќе дадете отказ. Одржувањето на сојузите и пријателствата е многу важно и затоа треба да играте фер прифаќајќи ги сопствените грешки и одговорноста која доаѓа со нив.

4. Надувување на сметките и работните часови

Секогаш е важно да се постигне потребниот број работни часови за кои добивате плата. Но, понекогаш, се случува да ги заокружите часовите. Кумулативно, ова ќе предизвика недостаток на повеќе часови, ќе покрене сомнеж, а можеби и истрага. Доколку имате некоја професија која бара и поседување дозвола, поради сериозноста на престапот, може да се случи покрај работното место, да ја загубите и дозволата. Затоа, внимателно!

- Реклама -