Лајчак: По подолго време ЕУ првпат е подготвена за проширување

Специјалниот претставник на Европската Унија за Западeн Балкан и дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека првпат по долго време ЕУ е подготвена за проширување, јави дописникот на МИА од Белград.

„На денешниот самит за Балканот истакнав дека првпат по некое време ЕУ е подготвена за проширување. Крајно време е да ја искористиме таа можност“, напиша синоќа Лајчак на платформата Х (Твитер).

Лајчак вчера учествуваше на самитот ЕУ-Западен Балкан организиран од бриселскиот политички институт „Пријатели на Европа“.

- Реклама -