Ковачевски: Во ДПМНЕ има еден мал Груевски и еден голем Груевски, нема разлика во ставовите за изолација

Во ВМРО-ДПМНЕ има еден мал Груевски и еден голем Груевски кои во ништо не се разликуваат во политичките ставови во однос на изолацијата на државата, вели рече претседателот на СДСМ и премиер на Владата, Димитар Ковачевски, во интервју на ТВ „Сител“, прашан за јавниот судир меѓу актуелниот и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас не можам да се мешам во друга политичка партија, меѓутоа курсот што го имаат воопшто не се разликува од тоа што беше 11 години, ја држеа државата во изолација“, оцени тој.

„Има една друга димензија целата таа работа. Кога ќе ги погледнете тие нивни ставови таму вие може да видите дека се работи за мал Груевски и голем Груевски. Бидејќи тие немаат различни политички ставови во однос на изолација на државата, во однос на неносење на одлуки, во однос на неинтегрирањето на државата во ЕУ, немаат никакви разлики во своите политички постапки. Вие погледнете го ставот на сегашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, тој е против интеграција на државата во ЕУ, тој цело време наоѓа изговори. Нема став, не покажува одлучност и веројатно поради тоа им се отвора таа дебата во однос на тоа кој е малиот а кој големиот Груевски во ВМРО-ДПМНЕ“, рече Ковачевски.

Прочитајте и:  Мицкоски: Нашите аргументи му се предочени на Радев, очекувам добрососедство и до крајот на годинава да го продолжиме нашиот процес

Во однос на наводниот „валкан дил“ за амнестија на Груевски, Ковачевски е категоричен дека со Никола Груевски никогаш немал комуникација, ниту добил некакво УСБ (УСБ не видел и не користи 10 години, вели), ниту пак има преговори со некого од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со Никола Груевски никогаш не сум имал комуникација. Груевски еднаш го имам видено на отворање на театарот. Бев претставник на компанијата во која во тоа време бев директор и бев определен да одам на отворањето што беше државен настан, така одлучи мојот претпоставен кој не беше од Македонија, но никогаш не сум имал никаква комуникација со бившиот претсецдател на Влада и на ВМРО – ДПМЕ, ниту сметам дека ќе имам комуникација со него“, рече Ковачевски.

Во однос на тајмингот на враќањето на екс-премиерот Зоран Заев во СДСМ, во исто време со јавните критики меѓу Мицкоски и Груевски, премиерот тврди дека овие настани не се поврзани и дека состанокот бил закажан и најавен пред да се случат „јавните дебати“ меѓу поранешниот и актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -