„Средба силна колку Горде“ – среде политичките турбуленции, Мицкоски се сретна со Јанкулоска

„Средба силна колку Горде. Неправдата никогаш не нè скршила!“, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, кој денеска се сретна со поранешната министерка за внатрешни работи – Гордана Јанкулоска.

Јанкулоска излезе од затворот Идризово користејќи го правото на викенд отсуство што е овозможено со измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во казнено-поправните установи. Првпат, ова право Јанкуловска го користеше кога се донесоа измените на Правилникот.

МИА

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ
- Реклама -