Американска војска: Руски борбен авион со сигнални ракети оштети наше беспилотно летало над Сирија

Воздухопловните сили на САД соопштија дека руски борбен авион прелетал „опасно блиску“ до американски дрон над Сирија и го оштетил со сигнални ракети. Ова е само последен во серијата инциденти меѓу САД и Русија што се случија на Блискиот Исток, потсетува Си-Ен-Ен.

Американците тврдат дека во неделата руски авион дошол на неколку метри од американскиот дрон MQ-9 Reaper кој учествувал во мисијата против ИСИС над Сирија. Тие додадоа дека еден од руските авиони почнал да испушта сигнални ракети пред американскиот дрон, при што сериозно го оштетил неговиот пропелер.

Екипажот на дронот успеа да го контролира леталото и да го врати во матичната база.

„Очигледното непочитување на безбедноста на летот од страна на рускиот ловец ја намалува нашата мисија да обезбедиме траен пораз на ИСИС“, рече генерал-полковник Алекс Гринкевич, командант на Централната команда на воздухопловните сили.

МИА

- Реклама -