„Скопје мора да ја научи лекцијата“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред бугарските новинари, објави БТА, пренесува МИА.
Според Радев, Македонија се враќа на, како што вели, „изодениот пат“ – да лобира во европските метрополи и кај европските институции, а со цел, тврди тој, да го прикрие кршењето на човековите права, недостигот на реформи и подготвеноста за почеток на преговорите за членство.
Според Радев, тоа не е вистинскиот начин.
„Во моментов, лобирањето повторно е интензивирано, но Бугарија ќе продолжи интензивно да работи со сите европски институции, со нашите европски партнери, така што одлуките за Република Северна Македонија да не се засноваат на лобирање, што го крие недостигот на реформи и длабокото кршење на човековите права“, изјави Радев по отворањето на тридневен форум во Софија посветен на зелената транзиција.
Извор: МИА