Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин поради воени злосторства во Украина

Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска соопшти дека издал налог за апсење на претседателот на Русија, Владимир Путин, под обвинение за воени злосторства поради неговата можна вмешаност во киднапирањето деца од Украина.

Судот наведе дека Путин е осомничен за „воено злосторство илегална депортација на население (деца) и нелегално преселување на население (деца) од окупираните територии на Украина во Русија.

Поради слични обвинувања, судот со седиште во Хаг денеска издаде и налог за апсење на Марија Алексеевна Лвова-Белова, комесарка во Канцеларијата на претседателот на Русија за правата на децата.

Засега Кремљ не објави коментар за таквата одлука. 

МИА

Прочитајте и:  Орбан: Опасноста од ескалација на војната никогаш не била поголема
- Реклама -