Димитров: Да се префрла несразмена вина на Бугарија за депортацијата на Евреите е неприфатливо

Да се префрла несразмерна вина на Бугарија за депортацијата на Евреите од територијата на денешна Република Северна Македонија е несериозно, смета Ангел Димитров, копретседател на бугарскиот дел од Заедничката комисија за историски прашања со Бугарија.

Во изјава за БТА, коментирајќи го говорот на претседателот Стево Пендаровски на одбележувањето на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, Ангелов вели дека оценките на Пендаровски се „силно идеолошки“.

„Да се зборува така за Бугарија е крајно неприфатливо, дури и неточно од страна на политичар со огромна одговорност чија цел треба да биде воспоставување на добри дипломатски односи меѓу нашите две земји“, изјави Димитров.

Бугарија, вели, била единствената земја во Европа која била сојузник на нацистичка Германија, но не подлегнала на притисокот и ги спасила сите свои Евреи. Според Димитров, депортацијата на Евреите од тогашната област Македонија започнала уште во јануари 1943 година, со најкоцентрираната група на еврејско население од Солун. Депортацијата, додава, се случила на експресно инсистирање на нацистичка Германија, а Бугарија не ги поседувала овие територии, туку, според него, само управувала со нив.

Претседателот Стево Пендаровски, на одбележувањето на 80-годишнината од депортацијата на македонските Евреи, во својот говор рече дека за да има помирување, треба да има извинување за депортацијата на македонските Евреи.

„И во хебрејскиот и во македонскиот јазик изворното значење на зборот правда, упатува на она што одговара на вистината. Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи“, порача Пендаровски, што предизвика бурни реакции во соседна Бугарија.

Извор: МИА

- Реклама -