Шефот на Пентагон, Лојд Остин, денеска ја истакна „важноста од одржување на каналите за комуникација“ со Москва за време на телефонскиот разговор со неговиот руски колега Сергеј Шојгу, соопшти американското Министерство за одбрана.
Пентагон не соопшти повеќе детали за разговорот, а руското Министерство за одбрана претходно информираше дека Остин и Шојгу разговарале за „неколку актуелни прашања од меѓународната безбедност, вклучувајќи ја и ситуацијата во Украина“.
Остин разговараше и со украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, кому му ја повторил „непоколебливата посветеност на САД да ја поддржат способноста на Украина да се спротивстави на руската агресија“.
Остин и Шојгу последен пат разговараа на 13 мај.
Извор: МИА