Ковачевски за преговорите со Бугарија: Го имав истото чувство како и граѓаните – како некој да ве сече во стомакот

Премиерот Димитар Ковачевски, во преговорите со Бугарија, го имал истото чувство кое го имаат граѓаните. Било како некој да ве сече со нож во стомакот, беше компарацијата која тој ја употреби во гостување во „ТВ24“. Сепак, тој смета дека одлуката била исправна.

„Јас ќе бидам искрен со вас, јас бев тој кој учествуваше во преговорите со Бугарија и го делев истото чувство со македонските граѓани. Чувството кое што го имав е чувство кое го имаа граѓаните. Кога се водеа преговорите, тоа беше како некој со нож да ве сече во стомакот. Но, на крајот на денот мора да донесете одлука за идните генерации“, рече Ковачевски.

Прочитајте и:  Мицкоски: Нашите аргументи му се предочени на Радев, очекувам добрососедство и до крајот на годинава да го продолжиме нашиот процес

Извор

- Реклама -