Путин: Ракетните напади врз Украина се одговор на „терористичките напади“ на руска територија, ако продолжат одговорот ќе биде остар

Денешните ракетни напади на Москва врз бројни украински градови се одговор на „терористичките напади“ на руска територија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. Тој предупреди дека, ако таквите напади продолжат, може да следува уште поостар одговор, јави ДПА.

Путин повторно ја обвини Украина за нападот на мостот на Крим, нарекувајќи го „терористички чин“, а изјави и дека Украина се обидела да го крене во воздух и гасоводот „Турски тек“.

„Ако нападите врз Русија продолжат, одговорот ќе биде остар. Одговорите ќе бидат со иста јачина како и заканите за Русија“, рече Путин на состанокот на Советот за безбедност на Руската Федерација.

„Во случај на натамошни обиди за извршување терористички акции на наша територија, одговорот на Русија ќе биде остар“, повтори тој.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

Рускиот претседател „призна“ дека денешните ракетирања врз Украина биле координирани, а целта на „ракетите со голем дострел” биле енергетски, воени и комуникациски објекти.

Извор: МИА

- Реклама -