Владата го објави францускиот предлог и на македонски јазик

Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна го објави европскиот предлог, интегрално преведен на македонски јазик.

Документите можат да се преземат на следните линкови:

• Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – Општ став на ЕУ

• Предлог заклучоци на ЕУ

• Заеднички став на ЕУ

• Линк до објава на предлогот на француското претседателство на англиски и македонски јазик

Објавувањето на предлогот, како што велат од владината прес-служба, е со цел транспарентно информирање на јавноста.

„Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите“, велат од Владата.

Прочитајте и:  Околу 30 автобуси возат низ Скопје, граѓаните револтирани, вонредни седници на Владата и на Советот на Град Скопје

Од „Илинденска“ бр. 2 додаваат и дека Владата „ќе продолжи со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата“.

- Реклама -